Аргулички мост или Мал мост — камен мост во градот Кратово, заведен како Културно наследство на Македонија под називот Мал мост (Аргулички) во „Списокот на заштитени добра“ од 2012 година под реден број 25 во Кратово.. Мостот ја минува Манцева Река, притока на Кратовска (Табачка) Река.

Се наоѓа на крајот од градот, во кратовското маало Аргулица. Изграден е пред повеќе од 100 години. Денеска состојбата на мостот се влошува и целата камена структура е напукната.

Наводи

Категорија:Мостови во Кратово Категорија:Камени мостови