Двојно лице (португалски: Duas Caras) е драматична бразилска теленовела. Серијата во Бразил започна со прикажување на 1 октомври 2008 на местото на новелата Тропски рај. Но поради тешките теми и сцените кои не беа дозволени за под 12 години, новелата се премести за еден час подоцна во 21ч. Без разлика на секогаш тешките но реални теми на Агиналдо Силва, во кои се среќаваат расизмот, хомосексуалноста, дрогата, наркотиците... таа достигна неверојатен успех, и најавен е крајот на серијата за 30 мај 2008.

Синопсис Адалберто Рангел се родил наречен Жувеналдо во една покраина во близина на Пернамбуко. Потребата да прехрани големо семејство, го натерало неговиот татко уште како мал да го продаде на Херможенес. Тој го прекрстил во Адалберто и го научил како да ги измамува луѓето. По много години, Адалберто, веќе маж, е присутен на една ужасна несреќа. Откако ќе види еден мртов брачен пар, наоѓа многу долари до нив, документи и слика од една девојка, Марија Паула, веројатно ќерка на парот, наследничка на големо богатство. Во тој момент, Адалберто се решава да го направи неговиот најголем потег. Во малиот град Пасаредо, Марија Паула ја прима веста за смртта на нејзините родители од страна на Адалберто. Очајна од тага, таа единствено наоѓа утеха во заводникот Адалберто. Наивна и изгубена, Марија Паула ја прифаќа грижата на овој човек, и покрај тоа што сите се сомневаат во него. За кратко време, таа му се предава, и на крај се венчаваат. Мислејќи дека ќе формира семејство, Марија Паула горчливо се изненадува: Адалберто и го украл целото богатство. Таа сака да го најде и да му се одмазди, заедно со нејзиниот син, кој Адалберто не ни стигна да го запознае. Тогаш, Марија Паула оди во Саун Пауло, каде што почнува една нова етапа; таа се претвора во силна и борбена жена. Адалберто, сега милионер, оди во Рио де Жанеиро каде што купува фабрика и се претвора во почитуван граѓанин. За тоа, тој го остава зад себе своето минато и повторно го менува своето име, а овој пат, и неговото лице – не може да ризикува некој да го препознае. По неколку хируршки зафати, со комплетно променето лице, се појавува новиот идентитет: Маркони Ферасо.

Улоги Карактеризација на ликовите

Глумци ЛиковиДалтон Виг Адалберто Рангел / Маркони Ферасо Марјорие Естиано Марија Паула Фонсека до НасциментоАлине Мораес Марија Силва Барето Песоа де МораесСузана Виеира Бранка Барето Песоа де МораесАнтонио Фагундес Фереира дос СантосХосе Вилкер Франциско МасиеираРената Сора Селија Мара де АндрадеДебора Фалабела Жулија Кероз Барето Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Теледраматургија

Категорија:Бразилски телевизиски серии Категорија:Теленовели