Миралиски мост () — стар камен мост во Населичко, Егејска Македонија. Ја преминува реката Праморица, на околу половина километар од селото Мирали, и го поврзува тоа село со селата Жупан и Либохово.

Мостот е изграден во 1854 г. Подигнат е со средства на ајдукот Николаос Замброс од гребенското село Воденско. Според преданието, тој не успеал да ја премине реката кога бегал од неговите гонители и решил да се скрие во Мирали. За возврат на селаните им дал пари за изградба на мост. За градител на мостот се смета Николаос Анагностис Ѕјуфас (1824 - 1892) од Либохово. Парапетите се изработени од селските мајстори Евтимиос Зјулас и Атанасиос Пулиос.

Мостот има еден лак со распон од 14,2 м и висина на лакот од 9,1 м.

Наводи

Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Горуша (општина) Категорија:Појавено во 1854 година