Демијан Ле Бас (30 јануари 1963, Шефилд – 9 декември 2017 година, Вортинг) бил британски уметник поврзан со Аутсајдер Арт (или „Art Brut“), како и водечки експонент на „Ромската револуција“ во уметноста.
Живот Ле Бас бил од ромско потекло. Тој го завршил своето образование на Кралскиот колеџ за уметност.
Живеел и работел со својата сопруга, ромската уметница Дилејн Ле Бас, во Западниот Сасекс на јужниот брег. Тој бил татко на писателот Демијан Ле Бас.
Колекции Од 1987 година, неколку дела на Ле Бас се чуваат во колекцијата Масгрејв-Кинли од клучни аутсајдер уметници, управуванo од Моника Кинли, до нејзината смрт во 2014 година. Неговите понови дела се наоѓаат, меѓу другото, во збирките на Перппетуум Мобиле.
Изложби Тој често изложувал во Обидинетото Кралство и во Германија, а неговите дела биле прикажани во Музејот Модерна во Шведска, во Јапонија, Франција, Финска и САД. Тој бил доста познат во круговите на аутсајдер уметност, и бил изложен како дел од анкета-шоу на Art Brut во Малме Констхал во 1991 година. Ле Бас исто така бил учесник на Прашкото биенале 3.
Во подоцнежните години, искуството на патниците и на ромите станало рекурентна тема во неговите дела. Ле Бас го поканиле да учествува на првиот Ромски павилјон на Биеналето во Венеција во 2007 година. Последователно, тој дал голем придонес во органицацијата на „Вечниот ромско-цигански павилјон“ во Венеција во 2009 година и бил ко-иницијатор на 4-тиот Ромски павилјон што се одржал во Берлин во 2013 година.
Тој често имал изложби во Велика Британија и Германија, а неговите дела биле прикажани во Јапонија, Франција, Финска, Шведска и во САД.
Наводи
Надворешни врски
The Perpetual Romani-Gypsy CHAVI: Reclaiming Gypsy Representation, Novas Gallery, London Transition Gallery: Featured Artists England & Co Gallery, London
Категорија:Статии со hCards Категорија:Починати во 2017 година Категорија:Родени во 1963 година Категорија:Уметници