Мариела Мер (родена на 27 декември 1947 година во Цирих) е швајцарска писателка.

Мариела Мер е родена како припадник на номадскиот народ Јениче. Таа била жртва на Hilfswerk für die Kinder der Landstrasse (во слободен превод „Организација за помош на деца од руралните улици“), која ги одвоила децата Јениче од нивните родители. Мер била преместувана во 16 сиропиталишта и три поправни домови како дете. Четири пати била сместена во ментална институција и поминала деветнаесет месеци во женски затвор.

Мер го објавила своето прво дело во 1975 година, а нејзиниот прв роман, Штајнцајт, во 1981 година. Таа ги брани каузите на аутсајдерите и угнетените малцинства. Нејзината работа била признаена во 1998 година со почесен докторат на Универзитетот во Базел .

Во 2000 година, таа поднесе оставка од клубот на автори Групе Олтен, бидејќи групата застранила од својата мисија која имала за цел реализација на „ демократско социјалистичко општество“.

Мариела Мер моментално живее во Тоскана.

Библиографија

Надворешни врски

Литературниот имот на Мариела Мер во архивската база на податоци HelveticArchives на Швајцарската национална библиотека Публикации од и за Mariella Mehr во каталогот Helveticat на Швајцарската национална библиотека на http://www.mariellamehr.com/

Категорија:Луѓе од Цирих Категорија:Родени во 1947 година Категорија:Швајцарски писатели Категорија:Починати во 2022 година