Црногорскиот јазик (црногорски: Crnogorski jezik) е јужнословенски јазик и една од стандардните норми на српскохрватскиот јазик. Јазикот е службен во Црна Гора. Црногорскиот се заснова на ијекавското-штокавско наречје. Неговото стандардизирање всушност започнува во 2005 година. Во времето на СФРЈ за службен јазик во Црна Гора бил сметан српскохрватскиот јазик. Со распадот на СФРЈ, а со тоа и на српскохрватскиот јазик како официјален, во новосоздадените држави како официјални се воведуваат јазиците наречени според нацијата, па така како службениот јазик бил наречен „српски јазик од ијекавското наречје“.
Кодификација Во јануари 2008 година, владата на Црна Гора составила Одбор за стандардизирање на црногорскиот јазик, чиј главна цел била стандардизација на јазикот според меѓународните норми. Понатамошните документи, после верификацијата, станале дел од образовната програма на црногорското образование.
Првиот црногорски стандард бил официјално предложен во јули 2009 година. Покрај веќе стандардизираната форма на српскохрватскиот, со новиот предлог се опфаќале две нови букви, односно се предложиле буквите ‹ś› и ‹ź› како замена за диграфите ‹sj› и ‹zj›. Одборот првично предложил два предлога, но владата не ги прифатила, но сепак бил прифатен третиот предлог на Одборот. На 21 јуни 2010 година Советот за општо образование ја прифатил првата граматика на црногорскиот јазик.
Дијалекти Црногорскиот јазик има два дијалекта, дел од штокавското наречје. Дијалектите на црногорскиот јазик се:
Источнохерцеговски дијалект - се зборува во западниот и северозападниот дел од земјата Зетско-јужносанџачки дијалект - се зборува во остатокот од земјата
Азбука
Црногорската азбука е двописен систем, односно официјално двете писма и латиницата и кирилицата уживаат еднаков статус, но латиницата доста повеќе се користи. Азбуката била усвоена на 9 јуни 2009 година од министерот за образование на Црна Гора Сретен Шкулетиќ. Оваа азбука ги заменила српскохрватската латиница и кирилица.
ЛатиницаAaBbCcČčĆćDdDždžĐđEeFfGgHhIiJjKkLlLj ljMmNnNj njOoPpRrSsŠšŚś TtUuVvZzŽžŹź КирилицаАа Бб Вв Гг Дд Ђђ Ее ЖжЗз З́з́Ии Јј Кк Лл Љљ МмНн Њњ Оо Пп Рр СсС́с́ Тт ЋћУу ФфХх Цц Чч Џџ Шш Македонски изговор и распоредаб вг дѓ е жз зји ј к л љ мн њ о п р ссј т ќу фх ц ч џ ш
Наводи
Поврзано Црногорци Црногорска азбука Црна Гора Јужнословенски јазици
Надворешни врски Јазикот на Црна Гора Црногорски јазик на montenegrina.net
* Категорија:Јазици во Црна Гора