Грамоштица (Грамоска Река, Грамош или Корнишорска Река; ) — река во Ениџевардарско, Егејска Македонија.

Реките Мегленица и Грамоштица го обликуваат западниот дел на планината Пајак, одделувајќи ги од запад и исток главниот врв Пајак (1.460 м), Црвена Бара (1.050 м) и Проса (980 м). Средишниот дел на планината се издвојува од Грамоштица на запад и Црна Река од исток. Во овој дел се врвовите Поглед (1.650 м), Бајраците (1.420 м), Голата Чука (1.307 м), Кашпот (1.300 м), Гацови Митеризи и други. Грамоштица (Грамоска Река), која тече на југ и е притока на Колудеј, го двои Поглед на исток од помалиот масив Метеризи на запад.

Реката извира под името Грамада северно од врвот Паприте (1.355 м). Тече во југоисточен правец. Минува источно од Корнишор, излегува на Солунското Поле и кај возвишението Кумарката (327 м) врти на југ. Тука на грчки е позната како Ксиропотамос. Проаѓа меѓу К’шлар на запад и Крушари на исток, а потоа меѓу Ново В’дришта на исток и В’дришта на запад, за потоа да се влее во каналот Балица, притока на Колудеј, западно од Балџа.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Поврзано Пајак (планина) Ениџевардарско

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Постол Категорија:Пајак (планина) Категорија:Егејски слив