Државен социјализам ― облик на организација на општеството каде што државата непосредно ги регулира основните видови на општествено-економскиот живот.

Основни одлики Неговите основни одлики се:

укинување на приватната сопственост по пат на национализација принудно администраативно регулирање на понудата и побарувачката на пазарот централистичко државно планирање во стопанството (и во други дејности) силна концентрација на власта во рацете на највисоките органи на државата превласт на една идеологија и слично.

Во својот најизразит облик (административно-централистички, етатистички социјализам) опстојувал во ФНРЈ и НРМ од 1945 година до Шестиот конгрес на КПЈ-СКЈ (1952 година), кога декларативно е променета улогата на КПЈ од раководна во водечка индејно-политичка сила, со диригирано воведување на самоуправувањето и прогласување на општествената сопственост над средствата за производство. Основна одлика е тоа што во реалноста поимот „општествена сопственост“ е изедначуван со поимот „државна сопственост“, со што на општествената сцена функционирал концептот на административно-бирократско одлучување за сите прашања на општествено-економската репродукција.

Наводи