Афаг Баширгизи (азербејџански: Afaq Bəşirqızı), родена Афаг Башир гизи Сафарова (1955, Баку, азербејџански: Afaq Bəşir qızı Səfərova) — азербејџанска глумица.
Биографија Афаг Баширгизи е родена во 1955 година во семејството на познатиот азербејџански комичар Башир Сафароглу. Од 1974 до 1979 година студирала на Факултетот за културно образование на Државниот универзитет за култура и уметност на Азербејџан. Својата глумечка кариера ја започнала во 1973 година во Државниот драмски театар Ленкоран, набрзо стекнувајќи репутација на талентирана глумица. Во 1975 година, таа се преселила во Сумгаит за да работи во Драмскиот театар во Сумгаит. Глумејќи главно во комедии, Афак Баширгизи била наведена како една од најдобрите азербејџански комичарки. Една од нејзините најдобри изведби била улогата на Сојлу, сопруга на неуспешен поет и бремена мајка на шест деца, во филмот Вереничкиот прстен.
Во 1989 година, таа започнала да работи во Драмскиот театар на Азербејџан и играла во главни улоги во неколку претстави. Таа глумела и во азербејџанските филмови Вереничкиот прстен, Човекот во зелени очила и Некролог.
Во моментов, Баширгизи предава глума на Државниот универзитет за култура и уметност на Азербејџан. Во 2009 година, таа го отворила театарот Башир Сафароглу во Москва, именуван по нејзиниот покоен татко.
Афаг Баширгизи е омажена и има еден син.
Награди
Заслужна глумица, 1989 година Народен уметник, 1993 година Qızıl Dərviş (Златен дервиш), 1993, 2003 година Претседателска награда, 2010 година Најдоброто од најдобрите, 2011 година
Наводи
Категорија:Родени во 1955 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Азербејџански глумици