Српската напредна партија (), скратено СНС — популистичка политичка партија во Србија која е владејачка партија од 2012 година.

Партијата била основана во 2008 година по одвојувањето од екстремно десничарската Српска радикална партија (СРС), по кулминацијата на деценискиот конфликт во СРС помеѓу умерените и тврдокорните крила на партијата. По ова, СНС го задржала конзервативниот став, притоа усвојувајќи различни проевропски и неолибералните политики. Томислав Николиќ бил претседател на партијата додека не бил избран за претседател на Србија во 2012 година, а по неговата оставка, за нов претседател на партијата бил избран поранешниот заменик претседател Александар Вучиќ. Оттогаш СНС победила на сите избори на национално ниво, освојувајќи мнозинство места во 2014 и 2020 година. Со најмалку 750.000 членови од 2020 година, СНС е најголемата партија во Европа според членството (со исклучок на Обединета Русија).

Идеолошки, СНС била формирана како умерено одвојување од СРС, и најчесто била опишана како голем шатор и популистичка политичка партија. Тие се залагаат за пристапување на Србија во Европската Унија, а истовремено одржувајќи ја рамнотежата со источните и западните сили.

Тие се водечката партија во актуелната владина коалиција која вклучува левичарски и десноориентирани политички партии кои ја поддржуваат политиката на Вучиќ. Од јули 2021 година, партијата има 167 места во Националното собрание, додека владејачката коалиција има 180 од 250 места.

Историја

Формирање лево|мини|200x200пкс| Томислав Николиќ и Александар Вучиќ на основачката конвенција на СНС на 21 октомври 2008 г. Судирот меѓу Томислав Николиќ и Воислав Шешељ излегол на виделина по изјавата на Николиќ дека радикалите во Националното собрание ќе го поддржат Процесот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, што наишло на отпор од Шешељ и неговите тврдокорни поддржувачи.

Николиќ, кој бил шеф на пратеничката група и заменик-претседател на Српската радикална партија (СРС) од 1992 година, официјално поднел оставка од овие функции на 7 септември 2008 година, и истиот ден Шешељ побарал да му се одземе местото на Николиќ во Народното собрание. Додека сè уште бил член на СРС, Николиќ формирал пратеничка група „Напред, Србија“ (), во која првично учествувале 11 пратеници кои биле дел од СРС. Потоа, тој број пораснал на 15 пратеници.

На 11 септември 2008 година, Николиќ објавил дека пратеничката група „Напред, Србија“ ќе се трансформира во политичка партија. Се шириле гласини за приклучување на Александар Вучиќ во новооснованата партија, што истиот ден потврдил и самиот Николиќ. Еден ден подоцна, Централната патриотска управа на СРС го разрешил Николиќ и неговите 18 поддржувачи од партијата поради противењето на Шешељ на политиките на парламентарната група на Николиќ што полека почнало да ја распаѓа СРС. Тогашниот генерален секретар Вучиќ тој ден не учествувал на гласањето. Игор Мировиќ официјално ја напуштил СРС по завршувањето на гласањето, изразувајќи ја својата поддршка за Николиќ. Истиот ден, Шешељ и Драган Тодоровиќ ги избркале приврзаниците на Николиќ, но побарале да добијат 18 места назад. Поради ваквата состојба биле спорни пратеничките места на СНС и СРС. Основачки членови на пратеничката група „Напред, Србија“ биле тогашниот потпретседател на Народното собрание Божидар Делиќ, Јоргованка Табаковиќ и девет други членови. На 13 септември 2008 година, Вучиќ ја напуштил СРС и почнал да работи со Николиќ на формирање на нивната политичка партија. Николиќ најавил дека новооснованата партија ќе биде партија од модерната десница која ќе води кампања за пристапување на Србија во Европската Унија (ЕУ) и ќе ги балансира односите со Русија. На 16 септември било објавено дека основачкото собрание ќе се одржи на 21 октомври истата година. Николиќ и другите високи функционери почнале да водат кампања и да ја промовираат својата наскоро основана политичка партија, која најмногу го привлекла вниманието од поранешните членови на СРС. На 24 септември 2008 година, високите функционери на Николиќ потврдиле дека партијата ќе го носи името Српска напредна партија.

На почетокот на октомври, на Маја Гојковиќ ѝ било одбиено учеството во основањето на СНС и поради тоа ја формирала Народната партија. Николиќ потврдил и дека разговарал со тогашниот претседател на Демократската партија на Србија Воислав Коштуница и Велимир Илиќ за формирање патриотска коалиција, но набргу потоа и двајцата го одбиле неговиот предлог. На 10 октомври 2008 година, Српската напредна партија била регистрирана како политичка партија. Пратеничката група продолжила да расте до 21 пратеници. Основачкото собрание на Српската напредна партија било одржано на 21 октомври 2008 година, на кое било претставено претседателство со 20 членови со Николиќ како претседател на партијата и Вучиќ како заменик претседател.

2008–2012: Рани години и активизам На почетокот на ноември 2008 година, СНС повикала на предвремени парламентарни избори кои требало да се одржат до октомври 2009 година Овој предлог подоцна бил поддржан од Чедомир Јовановиќ, лидер на Либерално-демократската партија. Александар Вучиќ кон крајот на ноември изјавил дека Српската напредна партија ќе остане во опозиција.

На почетокот на март 2009 година било објавено дека на Српската напредна партија и се одземени 580 советнички места во локалните општински собранија. Во мај 2009 година тие се спротивставиле на промената на Уставот, која ја опишале како несериозна. Во јуни 2009 година, биле одржани избори во градот Земун, за кој било познато дека е упориште на Српската радикална партија, но СНС успеала да освои 34% од гласовите на народот на изборите, додека СРС освоила само 10%. СНС водела кампања против „Законот за информации“ помеѓу јули и октомври 2009 година, кој тие го опишале како антидемократски. Во октомври тие воделе кампања за оставка на тогашниот премиер Мирко Цветковиќ. На почетокот на декември 2009 година, во Вождовац се одржале избори на кои учествувала СНС. Тие на крајот освоиле 37,05 отсто од гласовите на народот и 26 места во локалното собрание. Набргу по изборите формирале влада со коалицијата ДСС – НС. Во Костолац освоиле 12 отсто од гласовите на народот. Тие ја критикувале тогашната владејачка Демократска партија за корупција и попречување на патот на Србија кон Европската Унија.

До средината на февруари 2010 година партијата објавила дека собрала над 500.000 потписи за одржување на нови парламентарни избори. На почетокот на март СНС ладека владата ја вовлекува земјата во длабока криза. Набргу потоа најавила дека ќе одржат антивладини демонстрации во Белград. Неколку дена потоа било објавено дека собрале над милион потписи. Демократската партија дала соопштение кон крајот на септември 2010 година, тврдејќи дека СНС е опасна како партија за Србија. На почетокот на ноември 2010 година, Вучиќ дал изјава во која тврдел дека СНС станала најголемата партија во земјата за само две години. Кон крајот на декември најавиле дека ќе протестираат поради влошувањето на политичката состојба во Србија. Состојбата се огласила и од партијата Нова Србија, која изјавила дека и тие ќе учествуваат на протестите. Владата одговорила со покана на партиските лидери на дијалог, но понудата за дијалог била одбиена од СНС.

Во јануари 2011 година, СНС предала 304.580 потписи кои биле собрани од партијата за промена на уставот. На почетокот на февруари започнале масовните протести на чело со СНС, и на 5 февруари тие изјавиле дека ќе продолжат со протестите доколку владата не распише предвремени избори. Протестите продолжиле до март, а во април антивладините протести почнале да се шират и во другите градови во Србија. За време на нивните протести, Томислав Николиќ дал изјава дека очекува изборите да се одржат до почетокот на декември 2011 година. Во октомври 2011 година високи партиски функционери ја окупирале зградата на ТВ Коперникус. На почетокот на ноември 2011 година, СНС ја објавила својата прва партиска програма.

2012–2014: Избори и прва влада десно|мини|200x200пкс| СНС во Нови Сад за време на изборите во 2012 година За време на протестите во 2011 година, редовни домаќини покрај Српската напредна партија биле и партиите Нова Србија, Движење на српските сили и Движењето на социјалистите. Сепак, и СНС првично сакала да учествува сама на изборите. Протестите одиграле голема улога во зголемувањето на популарноста на СНС, и поради тоа многу анкети покажале дека Николиќ во тоа време бил во водство. Кон крајот на јануари 2012 година, претседателството на партијата Нова Србија потврдило дека изборите на коалицијата СНС–НС–ПСС–ПС ќе ги предводи Николиќ на следните избори. Среде претходниот притисок, Борис Тадиќ одлучил да распише избори кои требало да се одржат на 6 мај 2012 година, и една недела подоцна официјално била формирана коалицијата предводена од Српската напредна партија, под името „Да ја поттикнеме Србија„. СНС во април објавила дека Томислав Николиќ е нивниот кандидат за претседател, а Јоргованка Табаковиќ ќе биде нивниот кандидат за премиерската функција. Непосредно пред изборите, било објавено дека СНС официјално има 340.000 членови.

Парламентарни избори За време на парламентарните избори СНС ја обвинила Демократската партија за измама со гласови. На прес-конференцијата што се одржала на 6 мај, заменик претседателот Александар Вучиќ изјавил дека победиле на изборите и дека освоиле 24,4 отсто од гласовите. На крајот, коалицијата добила 24,05 отсто од гласовите на народот и 73 места во парламентот, додека Српската напредна партија добила 55 места.

Претседателски избори Претседателските избори се одржале на 6 мај, а подоцна повторно на 20 мај. Првиот втор круг се одржал на истиот ден со парламентарните избори, но бидејќи немало кандидат кој го освоил мнозинството, тие завршиле со свикување втор круг на 20 мај, меѓу актуелниот претседател Борис Тадиќ и кандидатот на Српската напредна партија Томислав Николиќ. На 20 мај, Николиќ го победил Тадиќ откако освоил 1.552.063 гласови во вториот круг од изборите.

Промена на лидерството лево|мини| Николиќ бил прв претседател на партијата меѓу 2008 и 2012 година. По претседателските избори, Николиќ се повлекол од функцијата претседател на партијата и поднел оставка. Заменик-претседателот Александар Вучиќ ја извршувал функцијата ВД претседател на партијата до изборот на наследникот. Вучиќ на крајот бил единствениот кој се кандидирал за партиско раководство и бил избран на 29 септември 2012 година, а за заменик претседател на партијата била избрана Јоргованка Табаковиќ. Подоцна во декември истата година, Народната партија предводена од поранешната градоначалничка на Нови Сад, Маја Гојковиќ, се споила во Српската напредна партија.

Прва влада на СНС-СПС