Црквиште — викус од доцноантичкото време и средновековна црква во атарот на селото Винце, Македонија. Се наоѓа западно од селото, на околу 1 километар југоисточно од левиот брег на реката Пчиња и лево од патот за Студена Бара. Констатирани се остатоци од темели на црква и керамички материјал распослан на простор од околу 3 хектара. Можеби се работи за средновековна населба со црква подигната врз доцноантички викус.

Поврзано Дренче — населба од доцноантичко време; Јазбина — населба од доцноантичко време; Кале - Врбица — тврдина од средниот век; Леска — населба од средниот век; Винце; и Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско.

Наводи

Категорија:Винце