Османов Дол — археолошко наоѓалиште во кумановското село Студена Бара. Претставува населба од доцноантичкото време. На 1,5 км северно од селото, во нивата на еден жител, на површина од 100 м × 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, многу градежен материјал и питоси.
Поврзано Св. Богородица — осамен наод од римското време; Студена Бара; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи