Библиотека Јагелонска (полски: Biblioteka Jagiellońska) — главната библиотека на Јагелонскиот Универзитет која заедно со Медицинската Библиотека Колегиум Медикум и другите помали библиотеки е во состав на информативниот систем на Јагелонскиот Универзитет во Краков. Библиотеката е една од најголемите во Полска.
Библиотечниот фонд изнесува 6,603,824Website of the library, , last accessed August 20, 2010. Библиотката има сопствена колекција на стари ракописи. Задача на библиотеката е и документацијата и средувањето на нелегалните текстови од времето на социјализмот.
Историја мини|лево|Поглед кон градбата Историјата на библиотеката е директно поврзана со историјата на Јагелонскиот Универзитет, па од таму за датум на нејзино основање се смета 1364 годинаVisiting the Biblioteka Jagiellonska (Jagiellonian Library) in Cracow . Last accessed on 4 May 2007.. До денес се зачувани кодексите користени во XIV век. Долг период даровите од професореите и учениците библиотеката ги собираше во посебни оддели и колегиуми. Најголемиот дел од нив, пред сè од областа на теологијата и слободните уметности, се наоѓање во Колегиум Мајус. Таму исто така по реновирањето во XV и XVI век библиотеката доби посебни соби. До 1940 година зградата Колегиум Мајус беше седиште на Јагелонската Библиотека.
Во XVI фондот на библиотеката постојано се зголемуваше сè до XVII и XVIII век кога се појави криза. На спас на библиотеката и на универзитетот им дојде Хугон Колонтај од Народната Комисија за Образование. По негова иницијатива целиот фонд на библиотеката беше собран на едно место и библиотеката пеше претворена во јавна и универзитетска. Исто така на библиотеката и беше доделена парична помош за одржување на фондот од 1926 ракописи и 32 000 книги во тоа време.
Периодот на поделбата на Полска не беше добар ни за библиотеката. Но и покрај тоа се успеа да се доградат нови простории и да се уреди библиотечниот фонд. Подемот на библиотеката во XIX и XX век е заслуга на Карол Естрајхер, творецот на Полската Библиографија, кој се грижеше пред сè за зголемување на бројот на книги на полски јазик. Наводи
Надворешни врски Мрежно место на библиотеката
Категорија:Библиотеки