Антонија Ла Негра, уметничкото име на Антонија Родригес Морено (1935/1936 – 7 март 2018 година), ― шпанска ромска пејачка и танчерка на фламенко. Сопруга на танчерот Хуан Монтоја, мајка на пејачката Лоле Монтоја, на дуетот Лоле и Мануел и баба на пејачката Алба Молина.
Животопис Ќерка на мајка родена во Херес и татко роден во Севиља, нејзините родители се преселиле во Француски Алжир, каде што е родена Антонија. Таа подоцна се преселила со своето семејство во Тангер, Шпански протекторат во Мароко, учејќи течно да зборува арапски.Muere Antonia la Negra, una cantaora de época, sevilla.abc.es; Пристапено на 7 април 2022.
На возраст од 10 или 12 години, таа се преселила со своето семејство во родното место на нејзиниот татко Тријана, Севиља. На 16-годишна возраст, таа се омажила за братучедот, танчерот Хуан Монтоја. Некое време подоцна, со нејзиниот зет и внуката Кармелила, таа ја створила Ла фамилија Монтоја во 1970-тите,LA FAMILIA MONTOYA, flamencoescultura.blogspot.com.es, јануари 2009; Пристапено на 7 април 2022.Antonia La Negra reúne a las últimas Montoyas; Пристапено на 7 април 2022. која успешно ги претставувала најинтимните и најспонтаните аспекти на фламенкото. Нејзината уметност се одразила во Triana (1976), En familia (1978), Macama jonda (1983), El ángel (1993) и Un gitano de ley (1997). Таа учествувала на два аудиовизуелни собири на фламенко: Ел анхел и Рито и географија дел канте. Ла Негра била една од главните фигури на канте хондо, истакнувајќи го својот талент во палос како фламенко танго и булерија.
Надворешни врски
Видео со Антонија Ла Негра
Наводи
Категорија:Шпански Роми Категорија:Починати во 2018 година Категорија:Родени во 1930-тите Категорија:Родени на непознат датум Категорија:Пејачи по фламенко Категорија:Ромски пејачи Категорија:Пејачи од Андалусија