Скурџа (, Скурѕа или Πέρδικα, Пердика) — планина во Гребенско, Егејска Македонија.

Опис Ова е планински комплекс во западниот дел на Гребенско, крај границата со Јанинско во Епир. Дел е од венецот Северен Пинд. На север е одвоена од планината Таљар со седлото Какаранџа (1.220 м) и спротивните реки Жужелска и Венетик, додека пак на југ е одделена од планинскиот комплекс Василица со седлото/превојот Мнима (1.550 м). Од комплексот Смолика на запад е одделена со превој (1.520 м) низ кој минува патот за Самарина, а на исток стасува дури до Венетик.

Карпите се сочинети од офиолити и флиш.

До врвот се стасува преку превојот (1.520 м) за околу час и половина.

+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Скурдза Σκούρτζα, Πέρδικα 1.799 во средиштето, СИ над Самарина, ЈЗ над Дуско Аница, Морминди Αννίτσα, Μορμίντι 1.728 Аспропетра Ασπρόπετρα 1.440 Авго, Цорила Αυγό, Τσορίλα 1.574 Куруна Κουρούνα 1.457 Кранија Κρανιά 1.237 Охиро, Тамбури Οχυρό, Ταμπούρι 1.561 Хондра Дендра Χονδρά Δένδρα 1.235 Петра Πέτρα 1.326 Пророк Илија Προφήτης Ηλίας 1.402 Цурјака, Пророк Илија Προφήτης Ηλίας, Τσούργιακας 1.397 Цуцула, Стриво Στριβό, Τσουτσούλα 1.361 Чука Τσούκα 1.220 Чума Τσούμα 1.360 Фаќоли Φακιόλι 1.360

Поврзано Пинд

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Гребен (општина) Категорија:Пинд