Аманда Ава Коци (родена Аманда Коци; 16 февруари 1994 година), професионално позната како Ејва Макс (Ava Max), ― пејачка и текстописец од Соединетите Држави. Откако се селела од неколку сојузни држави во Соединетите Држави за да продолжи со музичката кариера уште од нејзиното детство, Макс потпишала договор со Atlantic Records во 2016 година, каде што ја издала песната „Sweet but Psycho“ во август 2018 година. Овој сингл станал нејзиниот пробив откако се искачила на број еден во 22 земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Германија, Австрија, Швајцарија, Шведска и Нов Зеланд. Песната, исто така, се искачила на второто место во Австралија и на 10-тото место на Billboard Hot 100 во Соединетите Држави. Во март 2020 година, Макс ја објавила песната „Kings & Queens“, која се искачила на 13-тото место на Billboard Hot 100 и на 19-тото место на врвната листа за синглови во Обединетото Кралство. Потоа следело објавувањето на нејзиниот деби студиски албум, Heaven & Hell, во септември 2020 година, која се нашла на второто место на топ-листата за албуми во Обединетото кралство и на 27-то место на Билборд 200 во САД. Во ноември 2020 година, била објавена песната „ My Head & My Heart “, која се искачила на 45-то место на Billboard Hot 100 и на 18-то место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство.
Личен живот Макс се опишала себеси како „100% Албанка“ и изјавила дека сака да и врати на заедницата. Таа знае да го зборува јазикот, но не може да го чита. Во интервјуто за Attitude во 2019 година, Макс откри дека во минатото ја привлекувале жени, но избрала да не ја етикетира својата сексуалност, објаснувајќи дека ценела „кога се работи за тоа кој си ти како личност. Не ми се допаѓаат луѓето што ставаат јас, или некој друг што го познавам во кутија“. Макс е отворена за женското зајакнување, кое е вклучено во нејзината музика. Таа, исто така, го изразила своето воодушевување кон дрег кралиците.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Соединетодржавци со албанско потекло Категорија:Уметници од Atlantic Records Категорија:Музичари од Милвоки Категорија:Пејачи од Вирџинија Категорија:Статии со hCards Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Американски текстописци Категорија:Добитници на MTV Europe музички награди Категорија:Американски електронски музичарк Категорија:Американски синт-поп музичари Категорија:Американски денс-поп музичари