Бунаса (Вунаса или Бунасија; , Βουνάσσα, Μπουνάσα, Μπουνάσια) — планина во Кожанско, Егејска Македонија. Претставува дел од планината Камбуница.

Опис Бунаса е планински комплекс во југоисточниот дел на Гребенско, северно од гратчето Дескати и лежи на границата со Кожанско. Дел е од планинскиот комплекс на Камбуница. На север е одвоена од малиот венец Фламбуро со реката Бистрица, додека на југ е одвоена од малата планина Третимо со потокот Потамија. На запад граничи со реката Сјуца (десна притока на Бистрица) и со нејзината десна притока Каравида. На исток е одделена од венецот Сулиотис со мало седло (800 м) од кој извираат реките Аркудолак и Потамија.

Карпите на планината се гнајсови, шкрилци и доломитски варовници.

Источно од врвот Капсалес (1420 м), на 9 км (или по патеката околу 2,5 часа) од Дескати, се наоѓа планинарскиот дом на Дескатското планинарско друштво со 65 легла. Од него до врвот се сатсува за околу 30 минути. Врвот се искачува од Дескати (880 м) за околу 3 часа, или од Бунаскиот манастир („Св. Благовештение“) за околу 3,5 часа.

+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Бунаса, Симеја, Прионос Βουνάσα, Πρίονος, Σημαία 1.161 СЗ над Дескати и СИ над Бунаскиот манастир Вуни Βουνί 1.147 СИ од Дескати Капсалес Καψάλες 1.580 И над Бунаскиот манастир Коромилија Κορομηλιά 1.336 С од Дескати Кутра Κούτρα 1.074 Ј од Бунаскиот манастир Крифокалива Κρυφοκάλυβα 1.524 И над Бунаскиот манастир Мавролитаро Μαυρολίθαρο 1.360 СИ од Дескати Свети Илија Προφήτης Ηλίας 1.051 Пиргос Πύργος 1200 СИ од Дескати Тумба Τούμπα 1100 Трани Рахи Τρανή Ράχη 1200 - 1100 Фламбуро Φλάμπουρο 1117 Вотанас Βοτανάς 951 И од Дескати Врахос Βράχος 829 Линка Λίγκα 860 Магула Μαγούλα 796 Ј од Велиди Мартатикес Рахес Μαρθάθικες Ράχες 984 - 922 Стривадија Στριβάδια 920 Цара Τσάρα 900

Поврзано Камбуница

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Серфиџе Категорија:Камбуница