Шеикот Тамим бин Хамад ел Тани ( ; роден на 3 јуни 1980 година) е емир на Катар. Тој е четврт син на претходниот емир, Хамад бин Калифа. Владее со Катар од 2013 година откако неговиот татко абдицирал од престолот. Тамим станал престолонаследник во 2003 година кога неговиот постар брат шеикот Џасим се откажал од своето барање за престолот.
Тој е монарх на Катар, кој е апсолутна монархија. Граѓаните на Катар имаат ограничени политички и граѓански права, но преземени се чекори за воведување поголеми слободи. Тој се залага за подигање на меѓународниот имиџ на Катар преку организација на спортски настани, а во негова сопственост е и ФК Париз Сен Жермен.
Биографија Тамим бин Хамад е роден на 3 јуни 1980 година во Доха, Катар. Тој е четврт син на шеикот Хамад бин Калифа ел Тани и втор син на шеиката Моза бинт Насер, втората сопруга на Хамад. Тамим се школувал во Велика Британија во меѓународниот колеџ во Дорсет, и во Хароу, каде што седнал со диплома во 1997 година. Потоа се запишал на Кралската воена академија во Сендхерст, и дипломирал во 1998 година.
Кариера Шеикот Тамим бил назначен како втор поручник во вооружените сили на Катар по дипломирањето на Сендхерст. Тој станал престолонаследник на Катар на 5 август 2003 година, откако неговиот постар брат шеикот Џасим се откажал од тоа. Оттогаш бил подготвуван за преземање на власта со тоа што работел на врвни безбедносни и економски позиции."Qatar's Sheikh Tamim: 33-year-old groomed for power". AFP. 25 June 2013. Archived from the original on 27 February 2014. Retrieved 25 June 2013. На 5 август 2003 година бил назначен за заменик врховен командант на вооружените сили на Катар.
Шеикот Тамим го промовирал спортот како дел од обидот да го подигне меѓународниот имиџ на Катар. Во 2005 година тој ја основал Орикс Катар Спорт Инвестментс, кој покрај другите инвестиции го поседува и ФК Париз Сен Жермен . Во 2006 година, тој претседавал со организацискиот комитет на 15. Азиски игри во Доха. Под негово водство, за прв пат во неговата историја сите земји членки присуствувале на настанот. Таа година египетскиот ел Ахрам го изгласал Тамим за „најдобра спортска личност во арапскиот свет“."Profile: Qatar Emir, Sheikh Tamim bin Khalifa Al Thani". BBC. 25 June 2013. Archived from the original on 27 June 2013. Retrieved 25 June 2013. Под негово водство, на Катар му било доверено да биде домаќин на Светското првенство во пливање во 2014 година и Светското првенство во фудбал во 2022 година. Тамим е претседател на Националниот олимписки комитет. На 113. седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во февруари 2002 година, бил избран за член на МОК. Исто така, ја предводел кандидатурата на Доха за Олимпијадата во 2020 година.
На чело на емиратот На 25 јуни 2013 година, неговиот татко, шеикот Хамад бин Калифа ел Тани, одлучил да се откаже од власта во корист на неговиот син. Тамим станал емир на Катар откако неговиот татко во телевизиски говор ја предал власта. Тој бил првиот владетел, по тројца последователни катарски владетели од семејството ел Тани, кој дошол на власт без државен удар.
Внатрешна политика Тамим владее со авторитарен режим во Катар, бидејќи ја има целата извршна и законодавна власт, политичките партии се забранети, а изборите не се слободни и фер. Граѓаните на Катар имаат ограничени политички и граѓански права. Во Катар нема слобода на печатот. Во 2016 година, режимот на Тамим го забранила весникот Доха њуз, поради критичко известување.
Откако стапил на власт, владата ги проширила патиштата околу главниот град, бил изграден нов метро систем и ја довршила изградбата на нов аеродром. мини| Русија на Катар симболично му ја предава штафетна палка за организација на Светското првенство во фудбал во 2022 година, јуни 2018 г. Во август 2021 година, Тамим издал декрет за одржување на првите избори за Консултативното собрание на Катар кои се одржале на 2 октомври 2021 година. По контроверзноста со гласањето на изборите, Тамим ветил еднакво државјанство и наредил законски измени.
Надворешна политика лево|мини| Шеикот Тамим со поранешниот аргентински претседател Маурицио Макри во претседателската резиденција на Оливос во Буенос Аирес, јули 2016 година. мини| Шеикот Тамим, Антонио Гутереш и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, 16 февруари 2018 година
Индија Шеикот Тамим одржува блиски односи со индиската влада. На 25 март 2015 година, ја посетил Индија и се сретнал со премиерот Нарендра Моди. Тој рекол дека владата „ѝ верува“ на индиската економија за да инвестираат во Индија. Последен пат шеикот Тамим се сретнал со индискиот премиер Нарендра Моди на 23 септември 2019 година, во резиденцијата на Постојаната мисија на државата Катар во Обединетите нации, на маргините на 74-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Египет Катар му дал заем и помош на Египет за време на владата на Муслиманското братство. Во август 2013 година, Катар се приклучил на обидот (предводен од САД) да посредува во смирувањето на тензиите меѓу Муслиманското братство и војската. Тамим навел дека Катар нема да се меша во Египет иако го осудува она што се случува во Египет по државниот удар во 2013 година. По смената на Мохамед Морси од функцијата, новата влада ги одбила понудите на Катар за финансиска помош. Постојаната поддршка на Катар за Муслиманското братство предизвикало дипломатски јаз меѓу Доха и Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати во 2014 година, што кулминирало со повлекувањето на амбасадорите од овие три земји во март истата година. Катар постојано ги негирал наводите за поддршка на Муслиманското братство. Во јуни 2016 година, поранешниот претседател на Египет Мохамед Морси бил осуден на доживотен затвор под обвинение за предавање државни тајни на Катар.
На 20 јануари 2021 година, Катар и Египет се согласиле да ги обноват дипломатските односи. Шеикот Тамим во јули 2021 година го именувал катарскиот амбасадор во Египет и се сретнал со ел-Сиси во Багдад на 28 август 2021 година
Сирија Катар повикал на воена интервенција од арапските земји за да се стави крај на крвопролевањето во Сирија во 2012 година. Катар продолжил да им дава поддршка на сириските опозициски групи, а Тамим во говорот во ОН во септември 2020 година изјавил дека Катар ќе продолжи да ги поддржува напорите за постигнување правда и ќе ги повика на одговорност сторителите на злосторства, воени злосторства и злосторства против човештвото во Сирија. Во 2015, под покровителство на заедничка иницијатива со Саудиска Арабија и Турција, промовирана од шеикот Тамим, Катар на сириските бунтовници им обезбедил ново оружје и формирал нова опозициска коалиција во Сирија, позната како „Освојувачка армија “
Наводи
Категорија:Емири на Катар Категорија:Катарски политичари Категорија:Живи луѓе Категорија:Катарски милијардери Категорија:Луѓе од Доха Категорија:Катарски муслимани Категорија:Членови на Меѓународниот олимписки комитет Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Велеофицери на Легијата на честа Категорија:Династија Тани