Нордхорн () — град и административно седиште на округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Се наоѓа во крајниот југозапад на покраината, сместен на реката Фехте. Градот е член на Еурегио, се граничи непосредно со Холандија и е недалеку од покраинската граница со Северна Рајна-Вестфалија.
Географија Местоположба
Градот се наоѓа во крајниот југозападен дел на Долна Саксонија, непосредно на границата со Холандија и околу 20 километри северно од границата со сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Поради својата географска местоположба, уште од средниот век градот се наоѓал на трговските патишта помеѓу Бремен и Амстердам.
Близок поголем град на холандска страна е Енсхеде, кој се наоѓа 28 километри југозападно од Нордхорн. На германска страна се Минстер, околу 78 километри југоисточно и Оснабрик, околу 80 километри источно.
Околината околу и во Нордхорн е определена од реката Фехте, езерото Фехте и каналите Југ-Север, Нордхорн-Алмело и Емс-Фехте.
Градско подрачје
Урбаното подрачје на Нордхорн се состои од градското јадро и селата Брандлехт-Хеструп. Во подрачјето на површина од 25,3 км2 живеат околу 50.300 жители. Во Клаусхајде во една помала урбана област живеат околу 1.350 жители на површина од 0,96 км2.Siedlung Klausheide Останатите жители се поделени на периферијата на површина од скоро 124 км2.
По дефиниција една урбана агломерација се смета за област со најмалку 1.000 жители и максимална оддалеченост од еден километар помеѓу деловите. Нордхорн е еден од малкуте градови во Германија, каде бројот на жители на агломерацијата е сличен со вкупниот број на жители. Вкупно живеат 53.711 жители на 149,69 км2.urbane Agglomeration Nordhorn auf citypopulation.de, abgerufen am 21. März 2021.
Градски единици
Градот се состои од седум единици, кои до 28 февруари 1974 година биле самостојни општини. Официјална градска поделба во статутот на градот не постои; табелата подолу се однесува на општините, кои биле припоени кон градот Нордхорн на 1 март 1974 година; бројот на жители е од 31 декември 2013 година.
Нордхорн може да се подели на градското јадро (Иненштат) и поранешните општини Алтендорф, Бакелде, Бокхолт, Френсдорф и Френсвеген. Во поранешните општини постојат и други места, како Бланке, Блумензидлунг, Бусмате, Дегфелд, Фелдфлур, Френсдорферхар, Нојберлин, Орде, Штатфлур, Штренг и Вермате.
Градски единици 214п|Поделба на Нордхорн Име Жители Површина [км²] Густина на нас. Број на единица Бимолтен 251 17,24 15 033148 Бокхолт 685 11,85 58 033149 Брандлехт 921 15,50 59 034201 Хезепе 281 19,50 14 033152 Хеструп 295 11,88 25 034202 Хоенкербен 107 3,80 28 033148 Клаусхајде 1.469 20,14 73 033150 Нордхорн 49.394 49,73 993 033151 Градското подрачје 53.403 149,64 357
Политика Градски совет
мини|300п|десно|Градското собрание
Градскиот совет се состои од 43 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 50.001 и 75.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 28. Dezember 2016. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.
Партии и листи Удел Места SPD Социјалдемократска партија на Германија 29,28% 12 CDU Демохристијански сојуз на Германија 27,01% 11 Grüne Сојуз 90/Зелени 13,64% 6 B!FN Граѓански форум Нордхорн 13,48% 6 FDP Слободна демократска партија (Германија) 5,82 % 2 IPG Иницијатива Про Грофовија 4,88% 2 AfD Алтенартива за Германија 3,80 % 2 Linke Левица (Германија) 2,07 % 1Вкупно100%42Излезност48,92%
Градоначалник
Градоначалник на Нордхорн е Томас Берлинг (SPD), чиј мандат започнал на 1 ноември 2011 година. На последните избори на 26 мај 2019 година бил повторно избран.
Список на претходни градоначалници Градоначалник Период Гилбертус Петрус Паулус Бауер 1800–1812 Фридрих Антон Вебер 1812–1821 Егберт Јохан Конрад Финке 1821–1832 Јохан ван Алмело 1832–1842 Фридрих Вилхелм Герхард Брил 1842–1843 Ернст Хајнрих Фридрих Фирнхабер 1843–1871 Дерк ван Делден 1872–1897 Ернст Хајнрих Бајнс 1897–1915 Герхард ван Делден 1915–1919 Фридрих Фалзинг 1919–1927 Вилхелм Хен 1927–1933 Херман Корте 1933–1934 Паул Герхарт 1934–1945 Паул Древер 1946–1948 Хајнрих Барлаге 1948–1952 Герит Бринкман 1952–1956 Бернхард Ополони 1956–1961 Еберхард Лизе 1961–1964 Вилхелм Буденберг 1964–1972 Корнелиус Гемекер 1972–1981 Вилхелм Хорстмајер 1981–1986 Фридел Вите 1986–1999 Мајнхард Хиземан 1999–2011 Томас Берлинг од 2011
Збратимени градови
Нордхорн е збратимен со следниве градови:
Куворден, Холандија (од 1963) Монтвилје, Франција (од 1963) Рајхенбах, Германија (од 1989) Малборк, Полска (од 1995) Риети, Италија (од 2010)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Грофовија Бентхајм (округ)