Ласичја гулапкаНаучна класификација Царство:FungiКолено:BasidiomycotaКласа:AgaricomycetesРед:RussulalesСемејство:RussulaceaeРод:RussulaВид:R. mustelinaБиномен називRussula mustelinaFr.Распространетост во Европа (зелена) мини|Ласичја гулапка Ласичја гулапка (латински: Russula mustelina), позната и како ласица, е столпчеста габа од родот Гулапка, со потекло во Европа и Северна Америка. Шведскиот миколог Елиас Магнус Фрис го опишал видот во неговата книга од 1838 година Epicrisis Systematis Mycologici seu Synopsis Hymenomycetum.
Опис лево|мини| Илустрација Плодните тела се појавуваат наесен и можат делумно да бидат сраснати во почвата. Шапката достигнува големина од 7-12 см широка, повремено достигнувајќи 16см, со форма која се движи од конвексна (кај млади примероци) до сплескана, понекогаш со плитко централно вдлабнување. Површината на шапката е мазна и сува, (кога е сува таа е без сјај) може да биде малку леплива кога е влажна. Бојата е бледожолта до жолто-кафеава со маргини на шапката со боја на вино и може да се обезбојува со дамки во боја на вино со возраста. Белото месо е 3-10 мм дебело под шапката и има благ вкус. Кремните жабри имаат прицврстување за дршката. Плодните тела речиси немаат мирис. Тврдата бела дршка може да порасне 4-9 см долга и од 2-4 см дебела, и е приближно со иста ширина низ целата должина, иако може да биде малку подебела во близина на основата. Неговата површина е сува и мазна.
Ласичја гулапка произведува жолтеникав отпечаток од спорите. Заоблените спори имаат димензии од 7,5-10,5 на 6,5-9 μm, со мрежеста (како мрежа) површина обележана со повремени брадавици.
Russula basifurcata е сличен вид со помали плодни тела расте во микороза со дабови дрвја на пониски височини. Жабрите се чаталести во близина на стеблото.
Галерија
Екологија Ласичја гулабка е јадлива, расте во доцно лето и на есен во планински иглолисни шуми над 1,600 м. Видот е широко распространет во планинските иглолисни шуми на Евроазија и Северна Америка, а практично го нема на рамнините. Формира микориза со смреката, поретко со дабот. Се наоѓа и на тресетното мочуриште во источните Карпати во Романија, каде што е поврзана со европската смрека. Расте и на Брегот на Слоновата Коска каде што се бере и јаде.
Литература
Romagnesi, H. Les Russules d'Europe et d'Afrique du Nord. — Paris: Bordas, 1967. — P. 269. — 998 p. — ISBN 0-934454-87-6. Гапиенко О. С., Шапорова Я. А. Флора Беларуси. — Минск: Беларуская навука, 2012. — Т. 1. — С. 156. — 199 с. — ISBN 978-985-08-1482-1.
Наводи
Категорија:Јадливи габи Категорија:Габи на Македонија Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Европа Категорија:Габи на Северна Америка Категорија:Габи на Африка