Брезова гулапка () — мал, многу блед член на родот на гулапка и семејството на гулапките (Russulaceae). Обично има бела до многу бледо розова боја, не може да се јаде и расте во симбиоза со бреза.
Таксономија Специфичниот епитет betularum „на брезите“ се однесува на неговата поврзаност со брезата (видови Бреза). Некои извори го сметаат за разновидност на Бесната гулапка.
Опис Шапката е конвексна до сплескана и често има централна вдлабнатина. При проширување, маргината станува избраздена и носи ниски брадавици. Таа е 2-5 см во пречник, а кутикулата може целосно да се излупи. Бојата на шапката е од бела до бледо розова, до длабока розова, па дури може да биде и бледа велур боја. Иако почесто е бело со бледо розово руменило, во центарот станува бледо жолто окер. Дршката е типично подолга од пречникот на шапката и е цилиндрично или малку во форма на палка. Бело е и многу кревко. Ливчињата се исто така бели, и добро распоредени, а отпечатокот на спорите е бел. Месото е бело и има лут вкус. Може да се помеша со Russula fragilis ( Елиас Магнус Фрес) кои можат да бидат со бледа боја, а се јавуваат во истото живеалиште. Сепак, кутикулата на вториот вид само три четвртини се лупи, обично потемна во центарот и со виолетови тонови. Има и обележани назаби на рабовите на ливчињата.
Распространетост и живеалиште Брезовата гулапка се појавува во лето и рана есен. Распространета е во Британија, Европа и Скандинавија и веројатно е во микориза со брезите. Често расте на влажни места во шумите.
Јадливост Оваа печурка не се јаде и има лут „пиперкаст“ вкус. Многу видови со црвена капа со горчлив вкус може да предизвикаат проблеми ако се јадат сирови. Симптомите се главно гастроинтестинални по природа: дијареа, повраќање и колични стомачни грчеви. Активниот агенс не е идентификуван, но се смета дека се сесквитерпени, кои се изолирани од сродниот род Lactarius и од Russula sardonia.
Наводи
Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Македонија Категорија:Нејадливи габи Категорија:Габи на Европа