Свети Никола () — црква во селото Буф, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е гробишен храм изграден во 1872 г. Се наоѓа во северниот дел на селото, на местото на помала црква од 1803 г. Според традицијата, со градителските работи раководел епирскиот мајстор Брајан, а на внатрешноста работел битолчанецот Митре Душковски, кому му се припишуваат многу каменорезби во селото.

Црквата е трикорабна базилика со дрвен покрив, трем од три страни и камбанарија. Има два натписа, еден на западната и еден на источната страна. На едниот од нив е напишан датумот 1872. Во внатрешноста се зачвувани забележителни копаничарски дела.

Литература Μουτσόπουλος, Ν. Κ. Εκκλησίες του νομού Φλωρίνης. Βυζαντινά και μεταβυζαντινά μνημεία της Μακεδονίας, Θεσσαλονίκη 2003, σελ. 157-160, εικ. 454-470.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Никола, Буф Никола, Буф Категорија:Појавено во 1872 година