Рождество на Пресвета Богородица — црква во селото Ињево.
Местоположба Црквата се наоѓа на неколку стотини метри северозападно од селото.
Историја Камен-темелник за изградба на црквата бил поставел во 1991 година, а храмот бил завршен и осветен во 1992 година од страна на Митрополитот Струмички г. Горазд.„Ињевско-конечка парохија “. Брегалничка епархија.
Архитектура Црквата има правоаголна основа со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена отворена припрата, а црквата има и спореден влез на северната страна.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, конак, помошен објект и уште еден објект. Камбанаријата е прилепена до еден од помошните објекти. Таа е со квадратна основа и се состои од бетонска конструкција над којашто има дрвена конструкција којашто е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
Поврзано Ињево Ињевски манастир „Св. Димитриј“ Ињевски манастир „Св. Архангел Михаил“ Ињевски манастир „Св. Петка“ Црква „Св. Димитриј“ Црква „Вознесение Христово“ Црква „Св. Петка“ Црква „Св. Архангел Михаил“ Параклис „Св. Контантин и Елена“ Ињевски крст Радовишко архијерејско намесништво Ињевско-конечка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ињево Ињево