1000  Лејф Ериксон го основа Винланд и станува првиот Европеец во Северна Америка. 1595  Шпанската армија го зазема Камбраи. 1604  Супернова 1604, најскорешната супернова забележана во Млечниот Пат. 1876  Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувонемите Александар Греам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ. 1967  Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ. 1975  На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите „бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот“, се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда. 1995  Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција.

9 октомври