Света Троица () — црква во селото Бел Камен, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1853 г. Претставува куполна базилика. Има убав резбан и насликан иконостас. Тој е живописуван заедно со фреските од меси зографи кои работеле на Света Гора, од каде е донесена покровителската икона на Светото Тројство.

За време на грчката вооружена пропаганда во Македонија во храмот се криело оружје. Црквата е уништена од германски единици на 4 април 1944 г. заедно со целото село, а од храмот останала само камбанаријата.

Во 1958 г. во урнатините на храмот е изградена помала црква со истото име.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Троица, Бел Камен Троица, Бел Камен Категорија:Појавено во 1853 година