Света Петка — црква во селото Воиславци.

Местоположба Црквата се наоѓа на неколку стотина метри јужно од селото, на падините на планината Смрдеш.

Историја Од натписот на северниот ѕид се забележува дека црквата била изградена во 1991 година.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа. Влезот се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата којашто е оградена со ниска ограда од тули. Објектот е обоен во бела боја, додека цоклето е розово. Над кровот од храмот се издига камбанаријата којашто е со квадратна основа и на секоја страна има по една монофора. Камбанаријата е обоена во розова боја.

Во дворот на црквата има помошен објект, трпезарија, летниковец, бунар и печка.

Галерија

Поврзано Воиславци Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“ Воиславски манастир „Св. Илија“ Воиславски манастир „Св. Јован Крстител“ Црква „Св. Ѓорѓи“ Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (стара) Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (нова) Црква „Св. Илија“ (стара) Црква „Св. Илија“ (нова) Црква „Св. Јован Крстител“ Црква „Св. Димитриј“ Црква „Св. Теодор“ Радовишко архијерејско намесништво Ораовичко-воиславска парохија

Надворешни врски

Категорија:Воиславци Воиславци