Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ — манастир во југоисточниот дел на Македонија, на падините на планината Смрдеш, во близина на селото Воиславци.
Историја Од споменикот во дворот на манастирот се забележува дека во 1928 година биле откриени остатоци од стара црква. Денешниот манастир бил основан со изградбата на манастирската црква којашто започнала во 1968 година, а била осветена во 1980 година.„Ораовичко-воиславска парохија “. Брегалничка епархија.
Градби Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, конак, трпезарии, споменик и помошни објекти.
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (стара)
Градбата на црквата има мали димензии и е со правоаголна основа, а влезот се наоѓа на западната страна до којашто е доградена мала отворена припрата.
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (нова)
Градбата на црквата е со правоаголна основа, полукружна апсида на источната страна и отворена припрата доградена на западната страна.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Воиславци Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Брегалничката епархија