Мате Брничевиќ (Крило Јесенице кај Омиш, роден во 1891 година во Шкаљари, а починал во Бока Которска, на 11 февруари 1918 година) бил еден од водачите на востанието на австроунгарските морнари на 1 февруари 1918 година во Которскиот залив. Служел во базата на единиците за торпедо, на помошниот брод „Гаа“ како наредник од прва класа. Со учеството во подготовките и организирањето на морнарското востание, придонел бродот „Гаа“, заедно со оклопниот крстосувач „Сантк Георг“ (Св. Ѓорѓија) да стане центар на востанието. По задушувањето на востанието на 3 февруари, Брничевиќ бил затворен и осуден на смрт со стрелање. Неговите посмртни останки со големи почести беа пренесени во неговата татковина на 28 ноември 1923 година.
Поврзано
Антун Грабар Бунт на морнарите во Которскиот залив во 1918 година.
Литература
Текст Анѓелко Калпиќ, капетан на воениот брод ЈРМ, експертски секретар-уредник на Редакцискиот одбор на Енциклопедијата на Југославија за воена историја и НИР, Белград, за енциклопедијата на Југославија ЈЛЗ Загреб 1982 г. Категорија:Морепловци Категорија:Починати во 1918 година Категорија:Родени во 1891 година