Свети Ѓорѓи () — преродбеничка црква во селото Чохалари, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата претставува трикорабна базилика типична за своето време. Според натписот над југоисточниот носач, изградена е во 1856 г. Храмот е живописан и на иконостасот има икони од XIX век.
По Младотурската револуција во 1909 г. егзархистичките жители на Чохалари испратиле телеграма до Отоманскиот парламент со молба да им се даде делот од селското училиште кое им припаѓа, како и пристап до црквата направена со парите на сите селани, која во стариот режим им била дадена исклучиво на 19 патријаршистички семејства.Македония. Сборник от документи и материали, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 527.
Црквата е прогласена за историски споменик на 25 октомври 1994 г.
Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Ѓорѓи, Чохалари Ѓорѓи, Чохалари Категорија:Споменици на културата во Илиџиево (општина) Категорија:Појавено во 1856 година