Свети Лука () — преродбеничка црква во селото Врежот, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот се наоѓа во северниот дел на селото. Според месното предание, изграден е во 1790 г. Претставува трикорабна базилика со отворен трем на југ и запад. Подоцна јужно до него е изградена нова црква.

Во 1926 г. селото е преименувано во Агиос Лукас (во превод Свети Лука) според црквата.

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Наводи

Лука, Врежот Лука, Врежот Категорија:Појавено во 1790 година