Светскиот куп во алпско скијање е натпреварување во повеќе дисциплини во алпско скијање организирани од Меѓународната скијачка федерација (ФИС). Купот за прв пат се одржал во 1966 година, Also available under . и пролетта 1967 година по Конгресот на ФИС во Бејрут станал официјален настан во рамките на ФИС. Првата скијачка трка од Светскиот куп се одржала на 5 јануари 1967 година во Берхтесгаден, Западна Германија. Жан-Клод Кили од Франција и Ненси Грин од Канада биле првите победници во генерален пласман.
Правила Натпреварувачите се обидуваат да постигнат најдобро време во четири дисциплини: слалом, велеслалом, супер Г и спуст. Петата дисциплина, алпска комбинација опфаќа две трки во спуст и слалом. На почетокот на Светскиот куп имало само трки во слалом, велеслалом и спуст. Комбинациите биле воведени во сезоната 1974-75, а супервелеслаломот во сезоната 1982-1983. Сегашниот систем на бодување бил воведен во сезоната 1991-92. На секоја трка, поени се доделуваат на 30-те најдобри: 100 поени за победникот, 80 за второ место, 60 за трето, до 1 поен за 30-то место. Скијачот со најмногу поени на крајот од сезоната го освојува Купот и трофеј Кристален глобус со тежина од 9 килограми. Награди се доделуваат и за секоја поединечна дисциплина заедно со помал (3,5 кг) кристален глобус.
Светскиот куп се одржува секоја година и се смета за врвно натпреварување во алпско скијање. Многумина сметаат дека Светскиот куп е повредна титула од Олимписките игри (кои се одржуваат на секои 4 години) или Светското првенство (се одржува на две години), бидејќи од натпреварувачот се бара да скија на исклучително високо ниво во неколку дисциплини во текот на сезоната, а не да победи на само една трка.
Трките најчесто се одржуваат во скијачките центри на Алпите, со редовни трки и во Скандинавија, Северна Америка и источна Азија. Исто така, неколку трки се одржани на јужната полутопка. Натпревари од Светскиот куп се одржани во 25 земји: Австралија, Австрија, Андора, Аргентина, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Нов Зеланд, Норвешка, Полска, Русија, Словачка, Словенија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Шпанија, Шведска, Швајцарија и САД. (Сите трки од Светскиот куп на кои домаќин била Босна се одржале кога таа сè уште била дел од Југославија.)
Победници во генерален пласман Список на сите освојувачи на Големиот кристален глобус во генералниот пласман на Светскиот куп во машка и женска конкуренција од првата сезона 1967 година до денес.
ГодинаМажиЖениИмеДржаваИмеДржава1967.Жан-Клод КилиНенси Грин1968.Жан-Клод Кили (2)Ненси Грин (2)1968/69.Карл Шранц Гертруде Габл1969/70.Карл Шранц (2)Мишел Жако1970/71.Густав ТениАнемари Мозер-Прел1971/72.Густав Тени (2)Анемари Мозер-Прел (2)1972/73.Густав Тени (3)Анемари Мозер-Прел (3)1973/74.Пјеро ГросАнемари Мозер-Прел (4)1974/75.Густав Тени (4)Анемари Мозер-Прел (5)1975/76.Ингемар СтенмаркРози Митермајер1976/77.Ингемар Стенмарк (2)Лиз-Мари Мореро1977/78.Ингемар Стенмарк (3)Хани Венцел1978/79.Петер ЛишерАнемари Мозер-Прел (6)1979/80.Андреас ВенцелХани Венцел (2)1980/81.Фил МерМари-Терез Надиг1981/82.Фил Мер (2)Ерика Хес1982/83.Фил Мер (3)Тамара Макини1983/84.Пирмин ЦурбригенЕрика Хес (2)1984/85.Марк ЏирарделиМикела Фиџини1985/86.Марк Џирардели (2)Марија Вализер1986/87.Пирмин Цурбриген (2)Марија Вализер (2)1987/88.Пирмин Цурбриген (3)Микела Фиђини (2)1988/89.Марк Џирардели (3)Френи Шнајдер1989/90.Пирмин Цурбриген (4)Петра Кронбергер1990/91.Марк Џирардели (4)Петра Кронбергер (2)1991/92.Паул АколаПетра Кронбергер (3)1992/93.Марк Џирардели (5)Анита Вахтер1993/94.Кјетил Андре ОмотФрени Шнајдер (2)1994/95.Алберто ТомбаФрени Шнајдер (3)1995/96.Ласе ЌусКатја Зајцингер1996/97.Лик АлфанПернила Виберг1997/98.Херман МајерКатја Зајцингер (2)1998/99.Ласе Ќус (2)Александра Мајсницер1999/2000.Херман Мајер (2)Ренате Гечл2000/01.Херман Мајер (3)Јаница Костелиќ2001/02.Штефан ЕберхартерМихаела Дорфмајстер2002/03.Штефан Еберхартер (2)Јаница Костелиќ (2)2003/04.Херман Мајер (4)Ања Персон2004/05.Боди МилерАња Персон (2)2005/06.Бенјамин РајхЈаница Костелиќ (3)2006/07.Аксел Лунд СвиндалНикол Хосп2007/08.Боди Милер (2)Линдзи Вон2008/09.Аксел Лунд Свиндал (2)Линдзи Вон (2)2009/10.Карло ЈанкаЛиндзи Вон (3)2010/11.Ивица КостелиќМарија Риш2011/12.Марсел ХиршерЛиндзи Вон (4)2012/13.Марсел Хиршер (2) Тина Мазе2013/14.Марсел Хиршер (3) Ана Фенингер2014/15.Марсел Хиршер (4) Ана Фенингер (2)2015/16.Марсел Хиршер (5) Лара Гут2016/17.Марсел Хиршер (6) Микаела Шифрин2017/18.Марсел Хиршер (7) Микаела Шифрин (2)2018/19.Марсел Хиршер (8)Микаела Шифрин (3)2019/20Александер Амод КилдФедерика Брињоне2020/21Алексис ПентироПетра Влахова2021/22Марко ОдерматМикаела Шифрин (4)
Наводи
Категорија:Светски куп во алпско скијање Категорија:Натпреварувања во алпско скијање Категорија:Натпреварувања организирани од Меѓународната скијачка федерација Категорија:Светски купови во зимски спортови Категорија:Светски скијачки натпреварувања