Свети Никола () — црква во селото Крпени, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата се наоѓа на северниот крај на селото, близу брегот на Костурското Езеро. Изградена е во XVI век и веројатно била манастирска. Има вредни фрески кои според ктиторскиот натпис датираат од 1650 г. и се дело на зографите Димитар и Никола. На вториот ктиторски натпис е запишана годината 1753. На конхата на апсидата има година испишана со тули, веројатно 1758.
Галерија
Поврзано Костурска епархија
Литература
Наводи
Надворешни врски
Никола, Крпени Никола, Крпени