Санкт Петербург () — еден од најголемите градови во Русија основан од страна на царот Петар Велики во 1703 година. Изграден е на мочурливо земјиште, а за време на неговата изградба загинале илјадници луѓе. Овој град е создаден за да ја отвори Русија за Западот, а во текот на наредните два века тој ја заменил Москва како центар на политичкиот живот во Русија.

мини|150п|лево|Каналот Грибоедов со црквата на Христовото Воскресение Низ неговата историја, градот го сменил своето име трипати. За време на Првата светска војна, неговото име е сменето во Петроград. Во советската ера пак, вториот по големина град во СССР го носел името на Ленин - Ленинград. По падот на комунизмот, на градот му е вратено првобитното име, Санкт Петербург, иако неговите жители нагалено го викаат само Петар (Питер).

Потекло на поимот Петар Велики првично го нарекол градот Санкт Петербург. По почетокот на Првата светска војна, градот бил преименуван во Петроград. На 26 јануари 1924 бил преименуван во Ленинград. На 6 септември 1991 повторно било вратено првобитното име.

Историја мини|Бронзениот коњаник, споменик на Петар Велики Кон крајот на 17 век, Петар Велики, кој бил заинтересиран за поморските работи, сакал Русија да добие пристаниште со цел да тргува со остатокот од Европа. Тој имал потреба од подобро пристаниште од она кое било главно во земјата во тоа време, Архангелск, кое се наоѓа на Белото Море на крајниот север и било затворено во текот на зимата.

Демографија Според бројот на жители Санкт Петербург е втор најголем град во Русија. Според пописот од 2010 година, во градот живееле 4.879.566 жители. Етничкиот состав на населението е: Руси 92.5%, Украинци 1.5%, Белоруси 0.9%, Татари 0.7%, Ерменци 0.5%, Евреи 0.5%, Узбеци 0.4%, Таџици 0.3%, Азери 0.3%, Грузијци 0.2%, Молдавци 0.2%, Финци 0.06%.

Административна поделба Санкт Петербург е поделен на 18 реони: Адмиралтејски Василеостровски Виборгски Калинински Кировски Колпински Красногвардејски Красноселски Кронштадски Куротњи Московски Невски Петроградски Петродворцови Приморски Пушкински Фрунзенски Централни

Санкт Петербург како тема во уметноста и во популарната култура Санкт Петербург се јавува како тема и инспирација на бројни дела во уметноста и во популарната култура, како: „Бадник над Санкт Петербург“ - книга на Љубомир Јовановски - Кара.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 23. „Нешто малку за Петербург“ (Кое-что про Петребург) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1913 година.Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 12. „Уште Петербург“ (Еще Петербург) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1914 година.Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 36. „Последната петроградска бајка“ (Последная петербургская сказка) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1916 година.Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 75-76. „Ленинград“ - песна на рускиот поет Осип Мандељштам од 1930 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 103-104. „Адмирилитетот“ - песна на рускиот поет Осип Мандељштам од 1913 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 94-95. „Петербуршки строфи“ - песна на рускиот поет Осип Мандељштам од 1913 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 95-96. „Санкт Петербург“ - песна на рускиот поет Олег Охапкин од 1973 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 169-170. Крајот на Санкт Петербург – советски филм од 1927 година, во режија на Всеволд Пудовкин.Кинотека на Македонија, „Програма - ноември 2015“.

Во својот роман, „Злосторство и казна“, Фјодор Достоевски го опишува Санкт Петербург на следниов начин: „Ова е град на полулудите. Кога ние би имале наука, тогаш медицинарите, правниците и филозофите би можеле да извршат над Петроград многу драгоцени истражувања, секој во својата струка. Ретко каде ќе се најдат толку мрачни, остри и чудни влијанија врз душата човечка како во Петроград. Колку само значат климатските влијанија! Меѓутоа, тоа е административен центар на Русија и неговиот карактер мора да се одрази на сè.“Fjodor Dostojevski, Zločin i kazna. Beograd: Rad, 1975, стр. 505.

Наводи

Категорија:Градови во Русија

Категорија:Градови-херои на Советскиот Сојуз Категорија:Пристанишни градови на Балтичкото Море Категорија:Преименувани населени места во Русија Категорија:Плански градови Категорија:Населени места основани во 1703 година