мини| Портрет на Франц Шуберт од Франц Ејбл (1827) Немирна љубов (Rastlose Liebe) е дело компонирано од Франц Шуберт и објавено во јули 1821 година како Оп. 5, бр.1. Во каталогот на Ото Ерих Дојч е D138. Композицијата посветена на Антонио Салиери е заснована на текст на Јохан Волфганг фон Гете, напишан за време на снежна бура во Тириншка Шума.
Шуберт направил две поставки на делото: првата, компонирана на 19 мај 1815 година, (оригинален клуч: Е-дур), била објавена како Оп. 5 бр. 1. Нејзината прва изведба била од тенорот Лудвиг Тице на концерт во Виена, на 29 јануари 1824 година.
Композицијата е изведена и од машки и од женски гласови. Темпото на првата верзија е брзо, со страст. Делото содржи голема динамична варијација.Saya, Virginia, and Richard Walters (ed). The Lieder Anthology. Milwaukee, WI: Hal Leonard Corporation, 2003. 174–78.
Втората поставка, во ре-дур, темпо Брзо, напишана во 1821 година, била објавена во 1970 година во IV дел, том 1 од Новото издание на Шуберт.
Поемата ја поставил и Роберт Шуман Шест песни (Оп. 33) и од Ана Шупе во нејзината Немирна љубов.
Наводи
Категорија:Дела од Шуберт