Земјотресот во Петриња во 2020 година бил со јачина од 6,3 степени на скалата на моментна магнитуда, на околу 40 километри југоисточно од Загреб, во близина на градот Петриња, на 29 декември 2020 година во 12.19 часот по месно време.

Одлики Земјотресот во Банија се случи во областа во близина на тектонската граница меѓу Динарската и Панонската плоча. Подрачјето на Петриња и неговата околина е повремено сеизмички активно. Сепак, овој земјотрес, како и последователните земјотреси, донекаде ги изненадиле сеизмолозите.

Последици Интензитетот на земјотресот во Петриња бил VIII–IX степени според меркалиевата скала, што го става во група посилни земјотреси. Земјотреси од тој интензитет ги чувствуваат сите луѓе, зградите претрпуваат сериозни оштетувања, дрвјата се кршат, а постарите и трошни куќи се рушат.

Тешко оштетени биле градовите Петриња, Глина, Сисак и Хрватска Костајница, а големи материјални штети претрпеле општините Доњи Кукурузари, Суња, Мајур, Двор, Топушко, Вргинмост, Лекеник и Мартинска Вес .

Земјотресот оштетил голем број приватни куќи, згради, помошни и верски објекти, за кои се проценило дека не се безбедни за понатамошен престој и користење. Луѓето кои останале без своите домови биле привремено сместени во контејнери за домување, шатори на хрватскиот Црвен крст... Околу 30 лица биле повредени, а 7 лица починале.

Штета Вкупната материјална штета се уште се проценува. Досега е познато дека се оштетени вкупно 8.928 објекти, од кои 20% или 2.688 се целосно уништени или неупотребливи, 24% од објектите ќе бидат дополнително проверени, а 54% од објектите ќе можат нормално да се користат.

Поврзано

Земјотрес во Загреб 2020 година Земјотрес во Загреб 1880 година

Наводи

Категорија:Земјотреси во 2020 година