Олишки манастир „Св. Врач“ или „Св. Бессребреници Кузман и Дамјан“ () — манастир кај селото Олишта во областа Пополе, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Историја Во синаксарот (зборник) на Свети Нектариј Битолски се вели дека манастирот е основан во 1457 г. Тој доживеал расцут во XVIII век. Во 1857 г. врз темелите на стариот храм е изградена новата црква „Свети Бессребреници“. Дел од иконите на старата црква се зачувани до денес. На пример, на иконата „Ангелски собор“ се чита годината 1764. Иконата на Исус Голем Архијереј има датум 1794, а онаа на Архангел Гаврил е од 10 септември 1875 г. На друга икона има натпис кој ја покажува годината 1880.

На денес непостоечкиот параклис со лековита вода „Живоносен Извор“ имало натпис со годината 1880.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за манастирот:

мини|лево|200п|Тома Коровешов (Тома Коровесис) во 1897 г., монах во манастирот во 1904 г. Кон 1900 г. манастирот имал 10-12 монаси.

На почетокот на XX век манастирот го поседувал чифликот Рудник меѓу Куманичево и Загоричани, како и други имоти и многуброен крупен и ситен добиток. Подоцна, поголем дел од имотот е одземен од грчката држава.Шклифов, Благой. На кол вода пиехме. Записки за Христовите мъки на българите в Егейска Македония през XX век, София 2011, с. 36.

По задушувањето на Илинденското востание во 1903 г. во манастирот се засолниле многу семејства од Загоричани и околните изгорени села.

Во 1961 г. манастирот имал 9 жители, а истата состојба е забележана и во 2011 г.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Надворешни врски

„Олишкиот манастир Св. Врач – Костурско“ од Тома Шапарданов

Категорија:Манастири во Костур (општина) Категорија:Манастири во Костурската епархија Категорија:Цркви во Костур (општина) Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Грчка вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Појавено во 1457 година