Успение на Пресета Богородица () — средновековна црква во селото Долени, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Местоположба Црквата е сместена на мал рид на северниот влез на селото.

Историја Храмот е еднокорабна крстокуполна црква, изградена во XI век. Првобитно имала трем од југ и запад, чие уривање лошо се одразило врз внатрешниот живопис. мини|лево|250п|Фрески и ктиторскиот натпис од 1462 г. Фреските датираат од два периода. На јужниот ѕид на наосот има натпис според кој првото жиовописување е изведено во 1432 г. Има претстава на Свети Климент Охридски. Овие фрески во наосот, а особено во неговата купола, пострадале од влагата која се провлекувала низ срушениот покрив, а подобро се зачувани фреските на северниот ѕид. мини|лево|250п|Ктиторскиот натпис од 1749 г. Вториот живописен слој, кој е подобро зачуван, датира од 1749 г. и ги покрива ѕидовите во нартексот и ниските делови на наосот. Се издвојува претставата на Свети Јован Крстител. За преизградбата на уништените делови од црквата сведочи ктиторскиот натпис, напишан на наметнатиот грчки:

Во 1924 г. храмот е прогласен за споменик на културата.

Фрески

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Надворешни врски

Богородица, Осничани Богородица, Осничани Категорија:Споменици на културата во Рупишта (општина)