Филип Кузмановски (роден на 3 јули 1996 г.) — македонски ракометар кој игра за Еурофарм Пелистер и за македонската репрезентација.EHF profile2019 World Men's Handball Championship roster Тој е моментален капитен на сениорската репрезентација на Македонија.

Клупска кариера Кузмановски започнал да тренира фудбал во младинските категории на фудбалскиот клуб Пелистер во Битола, но поради здравстени проблеми бил принуден да направи пауза од фудбалот, а по враќањето се префрлил во ракометната секција на Пелистер.ИНТЕРВЈУ ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ: Јас сум борец, сонувам да освојам медал со Македонија! 24rakomet.mk; 31 декември 2021 Тој ги поминал сите возрасни категории во клубот и бил прекомандуван во првиот тим на РК Пелистер, на 17-годишна возраст.

Пред почетокот на сезоната 2015–16, тој потпишал тригодишен договор со Металург Скопје, чиј предводник бил Лино Червар.Филип Кузмановски нов ракометар на Металург (ФОТО) mkd.mk; 12 август 2015 Иако тој бил еден од главните играчи на Металург во домашното првенство и во Лигата на шампионите, поради финансиските проблеми на клубот, тој бил принуден да го напушти Металург и да се врати во Битола, во Еурофарм Работник.ОФИЦИЈАЛНО: Кузмановски и Металург се разделија, репрезентативецот ќе игра во Еурофарм Работник gol.mk; 7 септември 2018 По завршувањето на сезоната 2018–19, Кузмановски преминал во редовите на германскиот бундеслигаш Магдебург, со кој веќе потпишал преддоговор уште пред почетокот на сезоната.

Во март 2020 година, Кузмановски потпишал тригодишен договор со Хановер, и се приклучил на новиот клуб на почетокот на сезоната 2020–21. Во својата прва сезона во дресот на Хановер, тој постигнал 65 гола во Бундеслигата, со процент на реализација од 59%.Season statistics 2020/21 Handball-Bundesliga

Репрезентативна кариера Кузмановски ги поминал сите возрасни категории во дресот на македонската репрезентација, и за сениорскиот тим за прв пат дебитирал во 2015 година.Обрван го објави списокот за турнирот во Умаг Makfax; 15 октомври 2015 Тој бил дел од составот на јуниорската репрезентација на Македонија која го освоила 6. место на Светското јуниорско првенство 2017 во Алжир, завршувајќи како втор најдобар стрелец за Македонија со 35 гола.THE 21ST IHF MEN'S JUNIOR(U21) WORLD CHAMPIONSHIP 2017 - Score standings (court player)

Своето сениорско деби во репрезентативниот дрес, Кузмановски го имал на Европското првенство 2016 во Полска.

Наводи

Надворешни врски Филип Кузмановски на Европската ракометна федерација

Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Ракометари од Битола