Фридрих Август III (германски: Friedrich August III; 25 мај 1865 - 18 февруари 1932) — последниот крал на Саксонија (1904–1918). Роден во Дрезден, Фридрих Август бил најстариот син на кралот Георг од Саксонија и неговата сопруга Марија Ана од Португалија.
Фридрих Август служел во Кралската саксонска армија пред да стане крал, а подоцна бил унапреден во генералфелдмаршал. Иако бил многу сакан од своите поданици, тој доброволно абдицирал како крал на 13 ноември 1918 година, по поразот на Германската Империја во Првата светска војна. Починал во Сибиленорт (сега Шодре) во Долна Шлезија и бил погребан во Дрезден.
Категорија:Родени во 1865 година Категорија:Починати во 1932 година Категорија:Кралеви на Саксонија Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Изборни кнезови Категорија:Изборни кнезови на Саксонија Категорија:Ветинци Категорија:Владетели на Саксонија Категорија:Војводи од Германија Категорија:Носители на Железниот крст (1914) од I класа Категорија:Носители на Железниот крст (1914) од II класа Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (воен) Категорија:Апсолвенти на Стразбуршкиот универзитет