Свети Никола () — црква во селото Клисура, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Историја Црквата е изградена во 1839 г. на местото на постар храм сместен во Горното Маало на Клисура. Опожарена е во 1912 г. од Турците за време на Првата балканска војна и обновена во 1920 - 1922 г. Во пожарот изгорел резбаниот иконостас. Во април 1941 г. храмот повторно пострадал, овојпат од германско бомбардирање.
Опис Храмот е трикорабна базилика. Фреските се дело на самоукиот зограф Николаос К. Папајанис (1870 - 1953). Внатре се чуваат шест путири од XIX век, руски дискос од 1869 г. и една копија, како и 133 вредни икони.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Никола, Клисура Никола, Клисура Категорија:Појавено во 1839 година