Фудбалската репрезентација на Лесото го претставува Лесото во машкиот меѓународен фудбал и е управувана од Фудбалската асоцијација на Лесото. Прекарот на тимот е „Ликуена“ (Крокодили). Тимот никогаш во историјата не се квалификувал за завршницата на Светското првенство на ФИФА и за завршницата на Африканскиот куп на нации. Тимот ги претставува и ФИФА и Конфедерацијата на Африканскиот фудбал (ЦАФ).

Историја Составот го одиграл својот прв меѓународен натпревар во 1970 година, победа со 2-1 против Малави. Тие сè уште не се квалификувале за Светско првенство или Африкански куп на нации.

Нивната највисока позиција на Светското рангирање на ФИФА било 105-то место во август 2014 година.

Нивната најголема победа досега беше 5-0 против Свазиленд во април 2006 година.

Од 2004 до 2006 година, Германецот Антоан Хеј беше тренер на државната репрезентација. Амбициозната цел биле квалификациите за Светското првенство 2010 во соседна Јужна Африка. Сепак, по една и пол година, Хеј бил отпуштен поради неуспех. Наследник било Србинот Завиша Милосављевиќ, кој исто така бил разрешен во септември 2009 година и бил заменет со Лесотонецот Лесли Ноши, кој претходно бил помошник тренер на државната репрезентација. Во 2014 година Зефеф „Мошини“ Матете го тренирал составот, поранешен интернационалец. Мозес Малихе станал тренер во 2016 година.

Најголемиот успех на репрезентацијата бил пласманот во финалето на Купот на КОСАФА 2000. Во 2005 година, репрезентацијата до 20 години се квалификувала за Африканското младинско првенство 2005. Тие завршиле на третото место во групата Б, со победа и два порази.

Прекарот на репрезентацијата е Ликуена (сесотски за „крокодили“).

Изборници

Ејприл Фумо (1979–95) Лефа Рамакау (2000–??) Монахенг Монјане (2003–04) Антоан Хеј (2004–06) Мотео Мохапи (2006–07) Завиша Милосављевиќ (2007–09) Лесли Ноши (2009, В.Д.) Лесли Ноши (2011–13) Адам Сидорн (2013, В.Д.) Зефефе Матете (2014–15) Мозес Малихе (2015–2019) мПица Марај (2019) Табо Сенонг (2019–2021) Лесли Ноши (2021–)

Натпреварувачки успех

Светско првенство Успех на Светското првенство Успех во квалификациите за Светското првенство Година Рунда Позиција О.Н. Поб. Нер. Пор. Пос. гол. При. гол. О.Н. Поб. Нер. Пор. Пос. гол. При. гол. 1930 до 1970 Дел од Обединето Кралство Дел од Обединето Кралство 1974 Не обезбедиле пласман 2 0 1 1 1 6 1978 Не учествувале Не учествувале 1982 Не обезбедиле пласман 2 0 1 1 2 4 1986 Се повлекле Се повлекле 1990 1994 Не учествувале Не учествувале 19982002 Не обезбедиле пласман 2 0 0 2 0 3 2006 2 0 1 1 1 4 2010 6 0 0 6 2 16 2014 8 2 3 3 7 172018 2 0 2 0 1 1 2022 2 0 2 0 1 12026 Ќе се утврди Ќе се утврди Вкупно 0/22 26 2 10 14 15 55

Африкански куп на нации Успех на Африканскиот куп на нации Година Рунда Позиција О.Н. Поб. Нер. Пор. Пос. гол. При. гол.1957 до 1963 Дел од Обединето Кралство 1965 до 1972 Не учествувале 1974 Не обезбедиле пласман 1976 Се повлекле 1978 Не учествувале 1980 до 1982 Не обезбедиле пласман 1984 Се повлекле 1986 Не учествувале 1988 Се повлекле 1990 до 1992 Не учествувале 1994 Не обезбедиле пласман 1996 Се повлекле за време на квалификациите 1998 Забрана поради повлекувањето во 1996 година<2000 до2010 Не обезбедиле пласман2012 Не учествувале 2013 до 2021 Не обезбедиле пласман 2023 Ќе се утврди 2025 Ќе се утврди Вкупно 0/33

Куп на КОСАФА Успех во Купот на КОФАСАГодинаРангО.Н.Поб.Нер.Пор.Пос. гол.При. гол.1997000000019980000000199900000002000000000020010000000200200000002003000000020040000000200500000002006000000020070000000 20080000000 20090000000 20130000000 20150000000 20160000000 20170000000 20180000000 20190000000Total0/19------

Добавувачи на спортската опрема

Uhlsport (2000) Umbro (2002, 2006) Uhlsport (2007) Adidas (2008–2011) Basutoland Ink (2012–2019) Umbro (2019–)

Почести

Куп на КОСАФА : Вицепрваци: 2000

Наводи

Л Категорија:Фудбалска репрезентација на Лесото