Фререн () — мал град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 15 километри источно од градот Линген. Во минатото бил дел од поранешниот округ Линген, кој се наоѓал во јужниот дел на денешниот округ Емсланд.

Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница од 1974 година. Градските права ги добил во 1723 година.

Географија Местоположба

Фререн се наоѓа во округот Емсланд, близу сојузната граница со Северна Рајна-Вестфалија, југоисточно од Лингенер Хее.

Во непосредна близина се наоѓаат градовите Линген (15 км на северозапад), Ибенбирен (26 км на југоисток), Рајне (23 км на југозапад) и Фирстенау (11 км на североисток). Поголем голем град во близина е Оснабрик на југоисток.

Соседни општини

Фререн се граничи на север со општината Ленгерих во истоимената општинска заедница, на исток со општината Андервене, градот Фирстенау во општинската заедница Фирстенау во округот Оснабрик и општината Хопстен во округот Штајнфурт во Северна Рајна-Вестфалија, на југ е општината Шапен во општинската заедница Шпеле и на запад се општините Бестен, Месинген и Туине.

Градски единици

Поранешните имоти Лое-Венслаге, Герингхузен, Линсфелд, Зутруп, Остви, Зетлаге и Оверватер претставуваат делови на градот од 1974 година.

Покрај нив, и Андервене претставувал поранешен имот на Фререн, но денес Андервене е самостојна општина.

Политика Градски совет

Градскиот совет се состои од 17 избрани членови.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 28. Dezember 2016. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.

Партии и листи Удел Места CDU Демохристијански сојуз на Германија85,1614 SPD Социјалдемократска партија на Германија14,843 Вкупно 100 17 Излезност = 54,95%

Градоначалник

Градоначалникот се избира директно, а моментален градоначалник е Клаус Прекел.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Емсланд