Богатски манастир „Св. Константин и Елена“ ( или Μονή Βογατσικού) — женски манастир кај селото Богатско, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.

Манастирот е сместен кај Богатско на територијата на Општина Рупишта. Во 1882 г. е изградена старата црква во месноста Гуљасано во близина на реката Бистрица, на 3 км источно од Богатско. Во 1975 г. на местото на старата еднокорабна базилика е подигната нова крстокуполна црква. Од 2005 г. работи како женски манастир.

Поврзано Шишанско-сачишка епархија

Наводи

Категорија:Манастири во Рупишта (општина) Категорија:Манастири во Шишанско-сачишката епархија Категорија:Цркви во Рупишта (општина) Категорија:Цркви во Шишанско-сачишката епархија