Загоричански манастир „Св. Петка“ () — манастир кај селото Загоричани, Костурско, Егејска Македонија.Ιερά Μονή Αγίας Παρασκευής (Κόττορι) Βασιλειάδας – Καστοριάς Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Основан е во 1967 г. од архимандритот Севастијан Стефанопулос во месноста Котори, меѓу селата Загоричани и Куманичево. Овде порано имало мала црква посветена на Света Петка. Црквата е урната во 1969 г. и во 1970 г. се изградени нова трикорабна базилика и манастирски конаци. Сè до 1991 г. манастирот бил метох на соседниот Олишки манастир.Портал на Костур Во 1991 г. е изградена нова трикорабна црква со куполи, која денес е главен храм на манастирот. Во 2001 г. манастирот имал 34 жители.
Крај манастирот во 1980-тите се појавило селото Света Петка наречено по него.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Категорија:Манастири во Костур (општина) Категорија:Манастири во Костурската епархија Категорија:Цркви во Костур (општина) Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Појавено во 1967 година Категорија:Загоричани