Пчелинок () — цветно растение од семејството нане (Lamiaceae), со потекло од Европа, Северна Африка и Југозападна и Средна Азија. Исто така е широко одомаќинет на многу места, вклучително и поголемиот дел од Северна и Јужна Америка.
Тоа е повеќегодишно тревно растение со сиво лисје и расте до 25-45 см височина. Листовите се 2-5 см долги со густо збрчкана површина и се покриени со перни влакна. Цветовите се бели, наредени во кластери на горниот дел од главното стебло.
Во Македонија Расте по суви и тревести места, покрај патишта, камењари и други места, на надморска височина од 200 до 1500 метри.
Познат е за Скопје, Гази Баба, Матка, Пчиња, Козле, Жеден, Куманово, Матејче, Свети Николе, Кочани, Берово, Прилеп, Демир Хисар, Битола, Бистра, Дебар, Охрид, Штип, Банско, Јабланица и на некои други места.Владо Матевски: ФЛора на РС Македонија, том 2, свеска 2, стр. 232-233 МАНУ, Скопје, 2021
Медицинска употреба
Историски мини|Издание од 1528 година на книгата „За медицината“ од Целзиус.|289x289пкс Спомнувањето на пчелинокот во врска со медицинската употреба датира барем од 1 век п.н.е., каде што се појавила како лек за респираторни заболувања во трактатот „За медицината“ од римскиот енциклопедист Аулиј Корнелиј Целзус. Римскиот земјоделски писател Колумела го наведува како лек за протерување на црви кај животните на фарма во неговото важно дело „За земјоделството“ од првиот век. Оттогаш, пчелинокот се употрбувала за слични цели во многу книги за билки низ вековите.
Денешна употреба M. vulgare бил широко промовиран на интернет за неговите наводни терапевтски цели, а имал и прелиминарни истражувања за неговите лековити својства. Сепак, од 2016, нема добри докази дека има некаква вредност како лек. Управата за храна и лекови на САД не го одобрува растението за употреба како лек, но го прогласила за генерално безбеден додаток на храна.
Храна и пијалаци од пчелинок мини|Контејнер со бонбони од пчелинок|249x249пкс Бонбоните од пчелинок се горчливо слатки тврди бонбони како капки за кашлица кои се направени со шеќер и екстракт од M. vulgare. Тие се со темна боја, се раствораат во устата и имаат вкус што се споредува со ментол и пиво од корен. Како и другите производи добиени од M. vulgare, тие понекогаш се користат како недокажан народен третман за кашлица и други заболувања.
M.vulgare се користи за правење на пијалаци како што се пивото од пчелинок (слично на пивото од корен), билен чај (сличен на чајот од нане) и коктели.
Како инвазивен плевел Пчелинокот бил воведен во јужна Австралија во 19 век како лековита билка, која потоа станала плевел на домородните пасишта каде што бил воведен со добитокот на доселениците, и првпат бил прогласен за штетна трева според законодавството.
Пчелинокот обично се среќава во нарушени и препасени области. Тоа е многу непријатно за добитокот, така што добитокот јаде други растенија околу него, процес кој му помага плевелот да се шири. Може да опстојува во автохтоната вегетација која била напасувана.
Како биоконтрола Marrubium vulgare исто така се користи како природен репелент на скакулци во земјоделството.
Галерија
Поврзано
Everist, DL (1981) Отровни растенија на Австралија. 3-ти издание (Ангус и Робертсон: Сиднеј).ISBN 0-207-14228-9 Parsons, W. & Cuthbertson, E. (2001) Штетните плевели на Австралија. 2nd edn (CSIRO Publishing: Collingwood).ISBN 0-643-06514-8
Наводи
Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Народна медицина Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Европа Категорија:Растенија опишани во 1753 година