Иван „Иво“ Андриќ (); (во Долац, – , ) — југословенски писател,Zoltan D. Barany, The East European Gypsies: Regime Change, Marginality, and Ethnopolitics (Cambridge University Press, 2001: ISBN 0-521-00910-3), p. 59.Rajko Đurić, Romanies and Europe: Romanies as Characters in European Literature (Council of Europe, 1996: ISBN 92-871-2855-3), p. 11. добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година. Неговите теми најчесто биле на теми поврзани со неговата родена Босна за време на отоманското владеење. Неговата родна куќа во Травник е музеј, како и неговиот стан во Белград кој е домаќин на „Музејот Иво Андриќ“ и „Фондацијата Иво Андриќ“.

Животопис thumb|200px|left|Родната куќата на 'Иван Андриќ 'во Травник Иво Андриќ е роден во католичко семејство, од татко Антун Андриќ и мајка Катарина Пејиќ. На возраст од две години останал без татко. Бидејќи мајка му била многу сиромашна, таа го пратила кај нејзиното семејство во Вишеград да го одгледуваат. Таму, Иво го видел и отоманскиот мост кој подоцна го инспирирал да го напише делото „Мостот на Дрина“.Richard C. Frucht (ed.), Eastern Europe: An Introduction to the People, Lands, and Culture (ABC-CLIO, 2005: ISBN 1-57607-800-0), p. 568. По завршувањето на основното училиште се запишал во сараевската „Голема гимназија“, најстарото босанско средно училиште. Во 1912 година, добивајќи стипендија од хрватското културно-просветно друштво „Напредок“, Андриќ ги започнал студиите на Филозофскиот факултет на Кралскиот универзитет во Загреб. Подоцна студирал во Виена, во Краков и во Грац."Andrić, Ivo," Encyclopedia of World Biography, 2005. Андриќ како гимназијалец се движел во друштвото на младинците од организацијата „Млада Босна“, а како загрепски студент го запознал Антун Густав Матош и, иако не му припаѓал на кругот на „матошевците“, неговата смрт ја комеморирал со предавањето во „Клубот на хрватските студенти - Ѕвонимир“ во Виена (Vihor, 1914).

Андриќ бил интерниран за време на Првата светска војна, како југословенски националист, припадник на движењето Млада Босна. Притоа, тој поминал одредено време во австроунгарските затвори (Сплит, Марибор).„Напомене“, во: Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 247. По нејзиното завршување, кога се формирало Кралството СХС, Андриќ работел како дипломатски службеник во дипломатските претставништва во Рим, Букурешт, Мадрид и во Женева. Тој брзо напредувал во кариерата и станал помошник на министерот за надворешни работи и најпосле и ополномоштен министер во Берлин.Раде Силјан, Странски автори и дела. Скопје: Матица Македонска, 2001, стр. 277-278.. Втората светска војна ја поминал повлечено во Белград, а во 1945 година бил избран за прв претседател на Сојузот на писатели на Југославија. Како признание за целокупното негово дело, во 1961 година, Андриќ ја добил Нобелова награда за книжевност.

Творештво Материјалите за неговите дела Андриќ најчесто ги црпел од историјата, фолклорот и културата на неговата родна Босна и Херцеговина. На пример, неговите три дела, „Мостот на Дрина“, „Босански хроники“ и „Жената од Сараево“ биле објавени во 1945 година, а напишани во текот на Втората светска војна, додека Андриќ повлечено живеел во Белград. Често, тие се нарекуваат „босанска трилогија“ затоа што се објавени едноподруго и напишани во ист период, но сепак, тие се поврзани само тематски, а содржински претставуваат три различни дела.

Други негови познати дела се: „Ex Ponto“ (1918) „Немири“ (1920) „Патот на Алија Ѓерзелез“ (1920) „Приказна за везировиот слон“ (1948) „Проклета авлија“ (1954) „Омер-паша Латас“ (посмртно издадена во 1977)

Неговите оригинални ракописи и дела денес им припаѓаат на „Фондацијата Иво Андриќ“ и на „Српската академија на науките и уметностите (САНУ)“.Ivo Andrić Foundation, Work www.ivonadric.org.rs .

Раскази и новели

Иако Андриќ е најпознат по своите романи и раскази, неговата книжевна кариера започнала со две збирки лирска поезија: „Ex Ponto“ и „Немири“. Сепак, во неговата проза се задржани сите одлики на двете поетски збирки – внатрешните емоции, мисловната ангажираност во големите теми и во проблемите на човековата егзистенција, записите на душевните немири и страдањата во самотијата итн. Исто така, во неговите прозни дела е пренесен уметничкиот вез на неговиот стил, преземен од „Ex Ponto“ – лапидарност, пластичност и сентенциозност на изразот, складност меѓу внатрешните доживувања и реченото, како и органското соединување на содржината и формата.Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 161. Доживувањето на трагиката на човековиот живот е суштината на прозата на Андриќ. Уште во младите години, проследени со големи душевни кризи и со пораз на илузиите, во уметникот Андриќ се развила свеста за комплексноста на човековата психа, за антагонизмот меѓу сонот и јавето, за елементарните сили што извираат од човековата природа. На тој начин, во него се развил филозофски однос кон животот, со неговите неиспитани длабочини. Поетот, филозофот, психологот и уметникот ја пронашле класичната хармонија во уметничката личност на Андриќ.Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 171.

„Патот на Алија Ѓерзелез“ е првиот расказ на Андриќ, во кој главниот лик и темата се преземени од народниот еп. Сепак, во расказот, визијата од народниот еп е заменета со стварноста на прозаичниот живот, каде што главниот јунак е само трагична жртва на своите илузии. Така, легендарниот лик од народната поезија кај Андриќ е изобличен од личните порази, станувајќи трагикомичен јунак. Во реалниот живот, јуначката сила на Алија е немоќна пред недофатливиот лик на жената, а наместо јуначката слава насекаде го дочекува исмејувањето. Така, смешен во трагичната осаменост, јунакот патува по патиштата поплочени со скепса и илузии. Со овој расказ, Андриќ внел нова свежина во српската и во југословенската проза – спиритуален однос кон животот во човечката природа и во психата. Во расказот, тој проговорил посуптилно, посложено за немирите во човековото срце, за сонот во човековата природа и за трагикомичноста на илузијата.Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 161-162.

Сосема поинаку е конципиран расказот „Мустафа Маџар“ којшто обработува не витешка, туку војничка легенда. Во него, главниот јунак е затворен во мрачната самица на животот, а крајот на светот се вселил длабоко во него. Оттука, единствено му преостанува лудачко бегство од самиот себеси, од својата сенка која е огледало на човечките гадости. Во трката без цел и без смисла, тој ја раѓа катастрофата која уништува сè пред себе, вклучително и него самиот. Во овој расказ, Андриќ навлегол длабоко во мрачната страна на човековата психа, во мракот на потсвеста, изразувајќи ја стихијата на човечките нагони.Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 162-163. Во расказот „Смртта во Синановото теќе“ се забележува сосема поинаков, етеричен и лиричен стил. Сепак, во расказот, мирот и спокојството се само надворешен привид, додека внатре, во човечката природа тлее големиот немир на сетилата. Притоа, сонот и јавето се основниот флуид на овој рефлексивен и сензибилен расказ, кој истовремено претставува и поетски запис во суптилни источни бои.Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 163. Четири раскази на Андриќ, „Во мусафирханата“, „Во занданата“, „Исповед“ и „Покрај казанот“, се посветени на католичкиот калуѓер Марко Крнета. Во нив, авторот сликовито го портретирал ликот на калуѓерот како суров селанец, човек на елементарната природа, но со невино срце зачудено пред злото со кое е обвиен светот. Притоа, Андриќ ја создава личноста на фра Марко супериорно интелектуално и несентиментално, но и без иронија кон неговата неученост и примитивност.Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 163-164.

И во расказот „Приказна за кметот Симан“, Андриќ се зафаќа со длабока психолошка анализа на фанатизмот, инаетот, пркосот и страста во измачената Босна, чија заостанатост ја прикажува со голема поетска и мисловна сила. Притоа, со длабока вистинитост Андриќ навлегува во човечкиот мрак својствен за касабата.Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 164. Во расказот „Мостот на Жепа“, емоционално и спиритуално, Андриќ ја доживува смислата на контрастот меѓу поетската визија на мостот и суровоста на природата, нивниот траен антагонизам. Во овој расказ, кој е болен запис за трагедијата на човечките и уметничките судбини, хармонично се соединети лирскиот поетски дух, мисловноста и артизмот на Андриќ.Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 165. Во расказот „Змија“ е прикажан босанскиот пејзаж, заробен во длабоката заостанатост при што не се знае што е подраматично: пустината во природата или пустината во луѓето. Како во некој бакрорез се нацртани очајните лица на девојките кои од цивилизацијата се нашле во тој пуст предел во кој змијата го загрозува човековиот живот. Расказот е класичен со својот суверен реализам: без сентименталност, без гласни емоции, со болен молк пред човечката трагедија.Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 165-166. На сличен начин, и во расказот „Жед“ (Žeđ) самотијата го нагризува човекот. Инаку, концепцијата во овој расказ е бизарна, но сосема реална во случките: една жена, тешко се привикнува на осамениот живот, таа гори од страст во горните соби на куќата, додека долу во подрумот го измачуваат еден ајдук со жед. На тој начин, сликата е сурова и верна на животот, а изгледа како фантастична визија.Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 166.

Расказот-легенда „Мара Милосница“ е еден вид роман скратен во рамките на новела. Во него, Андриќ ја открива реалната животна смисла застапена во легендите при што ги отфрла романтичарските измами. Од преданието за блудната Мара Милосница, авторот проникнува во времето коешто се одликувало со насилство врз човечкиот живот, а Мара е само несреќно суштество уништено од судбината. Во нејзиниот живот сè се одвива како во сон, а јавето ја пречекува со сурови казни. Во расказот „Аникините времиња“ (Anikina vremena) — прикажана една жена од поинаков ков, пркосна и свесна за својата сила, но и во портретирањето на овој лик Андриќ пристапил спиритуално психоаналитички, како уметник и мислител кого го интересираат неистражените страни на човековата природа и тајните на човековото срце. Притоа, тој не се задржува на еротичноста на Аника, туку, како лиричар, го привлекуваат сенките во душата, не настанот туку поттекстот од кој произлегува настанот. Во односот на Аника со Михајло се забележува голема драма, но таа не се експонира, туку останува уште потрагично да тлее во длабочината на душата. Исто како и во „Мара Милосница“, Андриќ го искористува преданието за жената која им робува на своите страсти со цел да се соживее со нејзиниот личен живот и така, со помош на својата визија, го претвора преданието во сензибилно ткиво на неразбраниот внатрешен живот.Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 167.