Дива шимширкаНаучна класификацијаЦарство:PlantaeНерангирано:TracheophytesНерангирано:AngiospermsНерангирано:MonocotsРед:AsparagalesСемејство:AsparagaceaeПотсемејство:NolinoideaeРод:RuscusВид:R. aculeatusБиномен називRuscus aculeatusL.Синоними Oxymyrsine pungens Bubani Ruscus flexuosus Mill. Ruscus laxus Sm. Ruscus parasiticus Gueldenst. Ruscus ponticus Woronow мини|Дива шимшила „Џон Редмонд" Ruscus aculeatus, позната како дива шимширка, е ниска зимзелена евроазиска дводомна грмушка, со рамни ластари познати како кладоди кои даваат изглед на крути лисја. Во пролет се појавуваат мали зеленикави цветови, и се носат поединечно во центарот на кладодите. Женските цветови се придружени со црвена бобинка, а семките се разнесуваат со птици, но растението може да се шири и вегетативно со помош на ризоми. Потекнува од Евроазија и некои северни делови на Африка. Дивата шимширка се јавува во шуми и околу живи огради, каде што толерира длабока сенка. Таа исто така се појавува и на крајбрежните карпи. Веројатно поради својата привлечна зимска и пролетна боја, дивата шимширка може да се забележи во многу пејзажи. Исто така е широко засадена во градините и се проширува во многу области надвор од нејзиниот домороден опсег. Растението расте најдобро во зоните од 7 до 9 на картата на зона на цврстина на USDA.

Латинскиот специфичен епитет aculeatus значи „бодлив“.

Историја

Етимологија Во Европа, видовите Руску традиционално се собирале за нивните рамни и крути гранки за да се направат мали метли кои се користеле за расчистување и чистење на места за касапување. Неодамнешните истражувања открија дека дивата шимширка содржи некои антибактериски соединенија. Ова сугерира дека покрај функционалните физички својства на видот Рускус, до неговата популарност стигнал и со зголемената ефикасност во производството на побезбедни производи, бидејќи имал непознати антибактериски масла.

Традиционална медицинска употреба лево|мини| Ruscus aculeatus rhizoma се користи во традиционалната медицина Дивата шимширка ја користеле различни народи како третман за повеќе болести. Класичен лек од Европа се ризомите на дивата шимширка, кои може да се користат како диуретик. Во Стара Грција, дивата шимширка се користела како лаксатив или диуретик, а се верувало и дека отстранува камен на бубрези кога се додава во вино. Дивата шимширка исто така се користела за намалување на оток и за побрзо закрепнување на скршеници.

Опис Расте до должина од 80 см крути гранки кои носат кладоди (стебла изменети да личат на лисја) и вистински лисја помали од 5 мм. Цветовите растат од пазувите на листовите на адаксијалната страна на кладодите. 6-те тепали се бледо зелени, а јајниците и прашниците се виолетови. Овошјето е големо околу 1 см и е црвено, дебело и круто.

Распространетост Во Велика Британија е распространета од јужна Англија до северен Велс.Clapham,A.R., Tutin, T.G. and Warburg, E.F. 1968. Во сесевероисточна Ирска е исклучително ретко да расте во дивина, но може да се најде во окрузите Даун и Антрим.Hackney, P. (ed)Stewart & Corry's Flora of the North-east of Ireland.

Фитохемикалии мини|Цвеќиња на растението Главните фитохемикалии во дивата шимширка се стероидните сапонини. Сапонините природно се појавуваат во растенијата како гликозиди и имаат својства за формирање пена. Специфичните сапонини кои се наоѓаат во дивата шимширка се рускогенини, рускогени и неорускогенин, именувани по родот Руску. Рускогенините функционираат против воспаленија и исто така се верува дека предизвикуваат стегање во вените. Моментално начинот на делување на рускогенините не е доволно познат, но еден предложен механизам сугерира дека рускогенините ја потиснуваат миграцијата на леукоцитите преку регулацијата на белковините и мРНК. Неорускогенинот е идентификуван како моќен и високо афинитетен агонист на јадрениот рецептор RORα (NR1F1).Helleboid S, Haug C, Lamottke K, et al.

Поновите истражувања исто така откриле дека има полифеноли во дивата шимширка кои може да бидат и физиолошки активни, можеби како антиоксиданс. Засега нема доволно докази за да се донесе заклучок, но бидејќи сега се синтетизирани во лаборатории треба да бидат во тек понатамошни истражувања.

Сорти лево|мини| Сортата „Џон Редмонд“. Џуџестата сорта „Џон Редмонд“, расте до 50 см во висина и 100 см во ширина, ја има добиено наградата за заслуги на градината на Кралското хортикултурно друштво .

Наводи

Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Европа Категорија:Растенија опишани во 1753 година