Pholiota squarrosoidesНаучна класификација Царство:FungiКолено:BasidiomycotaКласа:AgaricomycetesРед:AgaricalesСемејство:StrophariaceaeРод:PholiotaВид:P. squarrosoidesБиномен називPholiota squarrosoides(Peck) Sacc.Синоними Agaricus squarrosoides

Peck, 1878 Hypodendrum squarrosoides (Peck) Overh., 1932 Pholiota squarrosoides е вид на печурки од фамилијата Strophariaceae. Сличен на видот Pholiota squarrosa Постоејат различни мислења за тоа дали печурката е јадлива.

Опис Оваа печурка расте во преполни кластери, со шапки до 10 см во пречник и дршки до 14 см. во должина. Шапките на почетокот се конвексни, стануваат сплескани со возраста и лепливи кога се влажни. Тие се жолтеникаво-кафеави со истакнати лушпи во форма на конус, кафеави, кои ги има многу во близина на центарот. Жабрите се тесно спакувани, жолти на почетокот стануваат ’рѓосано-кафеави подоцна. Дршката има иста боја како шапката и е покриено со ситни крлушки. Во близина на врвот има памучен жолтеникав прстен кој се разгорува. Спорите се кафеави. Тешко било да се разликува овој вид од Pholiota squarrosa, но таа печурка има зеленикава нијанса на жабрите и никогаш не е леплива.

Јадливост Видот бил пријавен како јадлив „со претпазливост“ од Кент и Вера Мекнајт, но со напомена дека може да се помеша со отровниот P. squarrosa. Микологот Александар Х. Смит напишал дека тој бил најдобриот јадлив вид во својот род. Орсон К. Милер Џуниор и Роџер Филипс го сметале за јадлив, но описот даден од Универзитетот во Арканзас вели дека не е јадлив.

Живеалиште Видот најчесто може да се најде кон крајот на летото во државите на Големите езера, северозападниот дел на Тихиот Океан и источниот дел на Северна Америка. Неговото живеалиште е на кората на дрвјата. Ретко се наоѓа во Европа, но првиот примерок во Полска бил откриен во 2010 година во југозападниот дел на земјата. Полското откритие се случило во природниот резерват Łężczok во близина на градот Рациборц. Печурката може да се најде и во умерените региони на Азија. Иако печурката се сметала за сапрофит, наместо паразит, можела да предизвика брзо деградирање на дрвото. Во регионот на Големите езера, ги распаѓала трупците од дрвјата Acer saccharum и Tilia glabra.

Наводи

Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Габи на Европа Категорија:Габи на Северна Америка