Васил Димовски професионално познат како Страјк е македонски рап артист, диџеј и графити артист, член на рап групите Легијата и СТР2, како и соло изведувач. Страјк е активен на музичката сцена од 1997 како еден од основачите на Легијата, и еден од првите артисти кои сорабутаваа со Шурикен Рекордс. Неговата музика е препознатлива по нејзиниот андерграунд уличен стил во која тој често обработува сурови теми за уличниот живот во Скопје.

Кариера Страјк ја започна својата музичка кариера во 1997 година како еден од основачите на рап групата Легијата, и еден од првите артисти што соработуваа со продукциската куќа Шурикен Рекордс, каде се појавува на првото издание – „SK Street Beatz”. Во 2001 заедно со Блажеј ја формираат групата СТР2 – насловена по графитите на Страјк, кратенка за “Стриктно Тврди Рими/Сон-Темнина/Реалност”. Нивниот албум „Не заборавај“ беше издаден во јули 2007. Во 2002 тој настапува како диџеј на Да Џака Накот, со што покрај графитите и рапувањето ја опфаќа и третата гранка на хип-хопот – диџејството, а следната година започнува активна соработка со Диџеј Гоце САФ. Неговиот прв соло студиски албум „Кутија“ издаден во 2011 доби позитивни оценки од музичката критика и хип-хоп публиката воопшто, а во 2015 го продолжи овој успех и со вториот албум „Земен рај“ продуциран од Диџеј Гоце. Во 2018, Страјк го имаше својот прв соло концерт кој се одржа на 2 декември 2018 во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје како дел од 20-тото издание на музичкиот фестивал Таксират. Во 2019, Страјк го издаде својот трет соло албум Низ мојот живот.

Дискографија Соло албуми 2011 - Кутија 2015 - Земен рај 2019 - Низ мојот живот 2025 - Музеј

СТР2 албуми 2008 - Не заборавај

Легијата албуми 2002 - SK Street Bitz 2008 - Лош ден за империјата 2010 - Деценија 2016 - Легијата на Проколнатите

Наводи

Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски Рап Категорија:Македонски хип-хоп музичари