Свети Димитриј () — црква во селото Кожушани, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е гробишен храм, сместен во северниот дел на селото. Претставува трикорабна базилика со женска црква, припрата, трем и камбанарија. Оваа црква е впрочем новоградба, изградена како замена за претходната истоимена црква настрадана во пожар во 1990 г. Од стариот храм се зачувани 11 икони од XIX век. Пет од нив се од 1887 г. и се потпишани од зографот Божин Стаменитов Ениџевардарец (χειρ Μποζύνου Σ. Γενιτζιότου).

Црквата е прогласена за историски споменик на 16 мај 1996 г.

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Наводи

Димитриј, Кожушани Димитриј, Кожушани Категорија:Споменици на културата во Меглен